Салуен (, Танлвин; , Сан лон; ; , Нуџанг; шански: Нам Конг; , Ме нам Салвин; — река во Југоисточна Азија што извира од Тибетската Висорамнина и завршува во Андаманското Море. Долга е 2.815 км и има тесна вододелница of 324.000 км2 што се протега во Кина, Мјанмар (Бурма) и Тајланд. Има брз и силен тек, претежно во клисури, и и нема брани. Како таква, една од најдолгите незаградени реки во светот. Големиот слив на Салуен се одликува со биоразновидност слична на онаа на Меконг и население од 7 милиони жители. Во 2003 г., поважните делови од средиштето на вододелницата се ставени во состав на заштитеното подрачје Три Напоредни Реки, прогласено за светско наследство на УНЕСКО.Yanfei Sun and Dingxin Zhao, "Environmental Campaigns," in Kevin O'Brien ed. Popular Protest in China, Harvard University Press, 2008.

Населението во поречието е релативно изолирано од остатокот од светот. Реката е пловна само во должина во последните 90 км, и тоа во врнежливата сезона.

Географија Реката извира на надморска височина од 5.450 м во Чингхајските Планини на Тибетската Висорамнина, недалеку од врутоците на Меконг и Јангцекјанг. Најпрвин тече на запад, но набргу прави голем лак на исток, навлегувајќи во кинеската покраина Јунан и подрачјето Три Напоредни Реки, прогласено за светско наследство. Тука Салвин го носи името Ну (Нуџанг) и важи за река со голем потенцијал — поголем од оној на системот „Три Клисури“, кој е најголем во светот. Потоа реката прави широк лак на југ, помеѓу Тибетската и Јунанско-гуејџоуанската Висорамнина, спуштајќи се во голем кањон со длабочина од 4.000 м. Продолжува во североисточен Мјанмар, низ сојузните држави Шан и Каја.

По ова, реката нагло врти на запад и прави уште еден свијок на југ, па тече низ големите ридски венци во источен Мјанмар, Ден Лао и Дауна на исток и Каренските Ридови на запад. Во следниот потег ѝ се придружува на реката Меј од источната страна и оди кон Тајланд, каде го носи името Салавин. Тука ја исцртува мјанмарско-тајландската граница во должина од 120 км, каде ѝ се придружува притоката Пај и тече низ Националниот парк Салуен. Потоа повторно влегува во Мјанмар, минувајќи низ сојузните држави Карен и Мон. На крајот, реката излегува од клисурата некаде 250 км од устието и во голема мера се забавува низ земјоделските долини. Околу 89 км од устието, реката конечно се проширува и станува достатно длабока за поголеми пловила. Овде се влеваат притоките Донтам од десно и Ѓајин од лево, па реката свртува на запад, и се проширува во мала речна делта кај градот Моламјајн. Во овој дел живее најголемиот дел од населението на поречјето на Салуен.

Кај устието, реката има просечен годишен истек од 1.659 м3/с, со големи колебања на водостојот од месец до месец.

Поврзано Список на реки во Мјанмар Список на реки во Тајланд

Наводи

Надворешни врски

Заштитени подрачја „Три Напоредни Реки“ — УНЕСКО Пренасочуање на водата од Салуен во Чао Праја

Категорија:Реки во Тибет Категорија:Реки во Кина Категорија:Реки во Мјанмар Категорија:Реки во Тајланд Категорија:Реки во Азија Категорија:Јунан Категорија:Андамански слив Категорија:Погранични реки Категорија:Меѓународни реки во Азија