Шути Манастир или Св. Тома — манастир и археолошко наоѓалиште во југоисточниот атар на Граиште. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа на а околу 3 км североисточно од Демир Хисар, во местото каде што се допираат атарите на селото Граиште и градскиот атар на Демир Хисар, каде се гледаат урнатини од црква со основа во облик на триконхос и со димензии од 18 × 7,10 м. Ѕидовите, чија ширина изнесува 0,60 м, се зачувани наместа во висина и до 4 м. Црквата била живописана во фреско-техника. Околу неа има голем простор исполнет со грамади од градежен материјал што им припаѓа на урнатите конаци и другите помошни згради. Јужно од црквата има гроб покриен со две камени плочи, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Грнчарица — утврдување од доцноантичко време; Демир Хисар; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Граиште Категорија:Манастири во Македонија