Куќиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Загориче. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 300 м западно од селото, каде при обработувањето на земјата мештаните откривале остатоци од темели на куќи градени од камен и кал. По површината на нивите има фрагменти од керамички садови, питоси и др. Во дворот на месен жител се чува голем питос, како и повеќе парчиња од други питоси.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Калуѓерска Река — црква од средниот век; Загориче; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Загориче