Оперативен ризик () претставува ризик од загуба кој настанува како резултат на неадекватни или неуспешни внатрешни процеси, луѓе и системи или како резултат на надворешни настани. Оваа дефиниција го вклучува правниот ризик (правниот ризик вклучува, но не е ограничен на: изложеност на парични казни, пенали или штети кои подлежат на казна, кои произлегуваат од супервизорски активности како и од приватни порамнувања), но ги исклучува стратегискиот и репутацискиот ризик.Bank for international settlements(2006) International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards. Basel Committee on Banking Supervision. p. 144

Дефинирање и видови на оперативен ризик Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја има преземено општоприфатената дефиниција од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), и тоа за првпат преку Одлуката за управување со ризици, според која, оперативниот ризик претставува ризик од загуба поради неадекватни или неуспешни интерни процедури и процеси, човечки грешки, неадекватно управување со системи како и непредвидени надворешни настани. Оперативниот ризик го вклучува и правниот ризик.„Одлука за управување со ризици“, Службен весник на РМ бр. 31/2008. И во следната Одлука за управување со ризиците, НБРМ ја задржала оваа форма на дефиниција со таа разлика што дополнила дека оперативниот ризик, покрај правниот ризик, вклучува и ризик од перење пари и финансирање тероризам, ризик од несоодветност на информативните системи и други оперативни ризици.„Одлука за управување со ризици“, Службен весник на РМ бр. 42/2011. Со супервизорскиот циркулар бр. 10, Управување со оперативниот ризик, за првпат, НБРМ извршила јасно дефинирање на оперативниот ризик со потенцирање дека оперативниот ризик не го вклучува стратегискиот и репутацискиот ризик при што НБРМ врши целосна разработка на основните поставки за оперативен ризик развиени од БИС.НБРМ, „Супервизорски циркулар бр. 10, Управување со оперативниот ризик“, јули 2011.

Процесен ризик

Оперативниот ризик настанува од неефективни и неефикасни процеси. Неефективните процеси се оние кај кои не се постигнати поставените цели, додека неефикасни се оние процеси каде целите се постигнати, но со преголеми трошоци. Повремено има природен конфликт меѓу нив. Така, реинженерингот и напорите за намалување на трошоци фокусирани на подобрување на ефикасноста може невнимателно да завршат во намалување на делотворноста на процесот на контрола, бидејќи значителни проверки и баланси (кои тендираат да бидат излишни) се елиминирани. Вообичаен процесен ризик е оној кој се однесува на обработката на трансакциите. Ова вклучува потенцијални грешки во која било фаза, вклучувајќи ги набавките, продажбите, вреднувањето, документирањето, конфирмацијата, и исполнувањето на обврските. Во секоја фаза на обработка на трансакцијата, постои ризик за финансиски загуби, понатака загуби на потрошувачи, репутација итн. Така грешка во вреднувањето резултира со намалена профитабилност, додека неисполнувањето на обврските кон деловните партнери води кон прекин на соработката со некој од нив. Понатаму, треба да се води сметка операциите да останат во рамките на правните и регулаторните ограничувања. Со примената на нови регулативи (како Законот Сарбанс-Оксли во САД и слични) се зголемуваат казните за прекршување на регулативата од страна на извршните директори во компанијата и тоа како финансиски казни така и професионални. Усогласеноста со регулативата е значајно прашање во поглед на интерните политики и процедури на компанијата. Така, кај менаџирањето на фонд, инвестициската компанија мора да биде усогласена како со регулативата, со интерните политики, така и со поставените барања од клиентите.

Друг значаен елемент на оперативниот ризик може да резултира од документационите процеси. Неточна и недоволна документација може да резултира со несоодветна комуникација помеѓу страните во договорот, создавајќи дополнителни, непотребни ризици доколку се појави спор. Таков е случајот со мастер договорите кај финансиските трансакции. Тие денес играат важна улога во тргувањето со хартии од вредност: тие обезбедуваат униформен начин за минимизирање на кредитниот и правниот ризик кај различни финансиски производи помеѓу две или повеќе страни. Тие исто така обезбедуваат корист од порамнување, што ја намалува вкупната кредитна изложеност помеѓу честите спротивни страни во договорот.

Еден потенцијален одговор на ова е автоматизација на процесите, каде сите активности во процесот ќе се проведуваат во еден систем- од првичните активности до извршување на крајните активности. Во секоја фаза, сè што се извршува се става во електронски запис и секој учесник (трговец, добавувач, правници, референти за различни области итн.) ќе можат да го следат својот статус. Автоматизацијата исто така ќе овозможи и изработка на сеопфатни извештаи и нивно сортирање по категории (деловни единици, тип на производство, географски целини итн.) Текот на информациите станува поконзистентен и транспарентен. Работи како некомплетна документација и сл. Ќе бидат минимизирани. Како резултат, одлуките ќе можат да се носат побрзо и оперативниот ризик ќе биде редуциран.Методија Несторовски, Менаџмент на ризикот, Скопје: Економски факултет, 2013, стр. 132.

Ризик од луѓе

Ризикот од луѓе типично произлегува од: ограниченост на персоналот, некомпетентност, нечесност и измами, како и корпоративна култура која не ја развива свесноста за ризиците и културата за управување со ризици. Ограниченост кај персоналот постои кога компаниите не можат да исполнат критични отворени позиции поради недостиг на кадар или поради што надоместот и другите стимулации не се привлечни за нови кадри. Некомпетентноста станува проблем кога вработените имаат недостиг од одредени нивоа на знаења и способности за да ја извршуваат нивната работа коректно. Недостигот на професионална обука и развој на кадри дополнително би ги усложнил човечките грешки. Нечесноста води кон измамнички активности како што се кражби од страна на вработените. И корпоративната култура која не ја покренува и развива активно свесноста за ризиците, исто така води кон неповолни однесувања на вработените.Методија Несторовски, Менаџмент на ризикот, Скопје: Економски факултет, 2013, стр. 133.

Ризик од системи

Како што технологијата станува сè попотребна во повеќе сфери на бизнисот настаните кои предизвикуваат оперативен ризик, а се должат на неуспеси и грешки во системите стануваат се позначајни. Компаниите денес употребуваат системи кои се истовремено интегрирани низ целата фирма и специфично скроени на нивните деловни потреби. Доколку развојот на технолошката инфраструктура на компанијата не оди во чекор со развојот на бизнисот, постои потенцијал за нови ризици. Системскиот ризик вклучува корисност на системот, интегритет на податоци, капацитет на системот, неавторизиран пристап и употреба, опоравување на различни непредвидливости.

Друг пример на системски ризик е ризик од загуба поради примена на погрешни финансиски модели. Институцијата може да употребува несоодветни методологии и модели, претпоставки или параметри во евалуацијата на деловната можност и со тоа да ги потцени ризиците кои ги презема. Овој ризик се нарекува ризик на моделот (model risk). Изложеноста на овој ризик може да се оптега од стратешките одлуки каде може да дојде до потценување на трошокот поврзан со одреден ризик, па сè до деловни одлуки кои се засноваат на неадекватни претпоставки за тоа како комплексен дериватив треба да биде вреднуван.

Понатака, ризикот поврзан со грешки во програмирањето и недостиг на планирање може да биде значителен. Мала грешка во еден алгоритам може лесно да се рашири низ неколку модели и низ мрежите, предизвикувајќи огромни штети пред грешката да биде детектирана.

Безбедноста на системите станува друг клучен технолошки ризик, особено со растот на електронскиот бизнис и во неговите рамки на електронска трговија. Нападите на хакери и кракери можат да предизвикаат огромни загуби. Иако настани како овие се случуваат со голема динамика, компаниите кои водат бизнис во денешното растечко компјутерско општество треба да ја специфицираат сигурноста на податоците како примарна цел во дизајнирањето на деловните процеси.Методија Несторовски, Менаџмент на ризикот, Скопје: Економски факултет, 2013, стр. 134.

Ризик од настан

Ризикот од настан е опасност за загуба кој се должи на поединечни настани кои не се веројатни, но може да имаат тешки последици доколку се остварат - како што се интерни и надворешни измами, системски грешки и неуспеси, дислокација на пазарот, природни непогоди и непогоди предизвикани од човекот. Станува збор за ризици кои не можат да се контролираат преку делотворно планирање и управување. Инцидентите на ризикот од настан често се случајни и затое е тешко да се предвидат. Иако такви настани се со мала веројатност за случување, потребно е да се “очекува неочекуваното”. Важно е да се напомене дека големите настани често резултираат во импликации по сите типови на ризици- пазарен, кредитен, ликвидносен итн. Но истражувањата покажуваат дека големите настани имаат и голема честота за остварување. Така, секоја година во последнава декада на минатиот век имало по некое големо пазарно движење кое надминува 10 стандардни отстапувања. Таков е и примерот со терористичкиот напад од 11 септември во САД.

Настани кои означуваат оперативен ризик Базел II набројува пет категории настани поврзани со оперативниот ризик:Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 182. Ризик на внатрешните процеси (Internal process risk): Тоа е ризикот од несоодветни процеси и процедури во работењето, како што се: отсуство на контрола, грешки во маркетингот, перење пари, грешки во документацијата и известувањето, трансакциски грешки и внатрешна измама.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 183. Ризик на луѓето (People risk): Овој ризик е поврзан со грешките и измамите направени од страна на вработените, како последица на: често менување на вработените, лоши менаџерски практики, недоволна обука на вработените, преоптовареност на менаџерите, преголемо потпирање врз некои вработнеи или менаџери, итн.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 184. Ризик на системите (Systems risk): Овој ризик е поврзан со употребата на компјутерските системи и информациско-телекомуникациската опрема, како: загуба на податоци, несоодветна контрола на проектите, грешки во програмирањето, прекини во одржувањето на техниката, проблеми со безбедноста на системите, проблеми со стабилноста на системите, итн.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 185. Надворешен ризик (External risk): Станува збор за надворешни настани кои не се под контрола на фирмата, како: настани во други фирми, кражби, терористички напади, земјотреси, поплави, прекин во сообраќајот, итн. Најчесто, овие настани се ретки, но ако се случат, тие предизвикуваат големи загуби.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 186. Правен ризик (Legal risk): Тоа е ризикот од правната несигурност, различно толкување на прописите, непочитување на правните прописи, итн. На пример, во 2003 година, главниот британски супервизор, Financial Services Authority ја казнил банката Abbey National на износ од два милиони фунти поради непридржување кон новите правила за перење пари.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 187.