Џејмс Макарти (роден на 12 ноември 1990 г.) — ирски фудбалер, играч од средниот ред, кој во моментов е без клуб.
Макарти направил повеќе од 100 настапи за Хамилтон како тинејџер, пред да биде доведен во Виган во 2009 година за 1.2 милиони фунти. Иако роден и израснат во Шкотска, Мекарти го направил своето сениорско деби за Република Ирска на 26 март 2011 година во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2012 против Македонија. Тој бил дел од составот на Република Ирска на Европското првенство 2016.
Ран живот
Мекарти е роден и израснал во Глазгов, Шкотска. Тој е најмалото дете на Вили и Мари Мекарти, и бил ученик на Свети Маргарет Мерис средното училиште во Кестлмилк Тој израснал како голем навивач на Селтик и подоцна ќе се проба во нивните младински категории, но бил одбиен поради големиот број на играчи во клубот кој веќе биле донесени.
Клупска кариера Хамилтон Мекарти го направил своето деби за Хамилтон против Квин оф д Саут како замена на 30 септември 2006 година, станувајќи најмладиот играч кој заиграл за Хамилтон во XXI век. Неговиот прв целосно одигран натпревар дошол против Ердри Јунајтед на 11 ноември 2006 година; еден ден пред неговиот 16-ти роденден. На 6 јануари 2007 година, на 16 години и 55 дена, Мекарти станал најмладиот стрелец досега во историјата на Хамилтон, кога тој постигнал гол во поразот против Ливингстон во Шкотскиот куп.
На 17 мај 2008 година, по завршување на сезоната во која неговиот клуб изборил промоција во Шкотската Премиер лига, Мекарти потпишал нов тригодишен договор со клубот. Тој ја добил наградата SPFA млад играч на годината награда за сезоната 2008-09.
Виган Атлетик
Хамилтон ја прифатил понудата за Мекарти од Виган Атлетик на 16 јули 2009. Тој го завршил трансферот во Виган на 21 јули, потпишувајќи петгодишен договор, а се верува дека сумата изнесувала не повеќе од £ 1,2 милиони фунти. Од клубот би можеле да добијат дополнителни исплати во зависност од бројот на настапи Мекарти го направил своето деби за Виган на 22 август 2009 година, откако во 74-та минута влегол како замена во поразот со 5-0 од Манчестер Јунајтед. Тој го постигнал својот прв гол за Виган во победата од третото коло од ФА Купот против друг клуб од Премиер лигата Хал Сити на 2 јануари 2010 година, и го одбележал својот прв старт во Премиер лигата со гол во победата од 2-0 нагости кај Вулверхемптон на 16 јануари 2010 година.
По импресивниот старт на сезоната 2010-11, тој зарабортил сериозна повреда на глуждот против Болтон на 23 октомври 2010 година, која го вади надвор од акција за три месеци. Тој постигнал гол на неговото враќање во почетната постава против Астон Вила на 25 јануари 2011. На 5 февруари 2011 година, Мекарти постигна два гола во победата од 4-3 против Блекбурн Роверс. Подоцна овој месец, Мекарти бил во центарот на контроверзии во поразот на Виган со 4-0 од Манчестер Јунајтед откако бил удрен со лакт од страна на напаѓачот на Јунајтед Вејн Руни. Бил досуден слободен удар за Виган по инцидентот, но Руни не добил дополнително казнување. Иако Мекарти бил пофален за останувањето на нозе по судирот, тимскиот колега од Виган и капитенот Гери Колдвел сметал дека Руни би бил исклучен доколку Мекарти изреагирал со тркалање по тревата и болна гримаса.
Во август 2011 година, Мекарти потпишал нов петгодишен договор со клубот. Тој бил дел од тимот на Виган Атлетик кој го совлада Манчестер Сити во финалето на ФА купот 2013; станувајќи првиот Ирец кој го освоил ФА купот по цели седум години ; потоа тој го поздравил својот менаџер Роберто Мартинес, нарекувајќи го "тактички гениј". Но сепак крајот на сезоната 2012-13 не бил баш толку сладок за Виган, бидејќи клубот по триумфот во ФА купот се соочил со испаѓање од Премиер лигата завршувајќи на 18. место. Тоа резултирало со заминување на менаџерот Мартинес во Евертон.
Евертон На 2 септември 2013 година, Мекарти му се придружил на својот доскорашен менаџер во Виган, Роберто Мартинес во Евертон, потпишувајќи долгорочен договор вреден 13 милиони фунти. Тој станал четвртиот играч од Виган кој се преслил во Евертон тоа лето по Аруна Коне, Антолин Алкараз и Хоел Роблес. Мекарти бил доведен како замена за Маруан Фелаини кој заминал во Манчестер Јунајтед истиот ден.Евертон го доведе Џејмс Мекарти од Виган
Титули Хамилтон Шкотска Прва дивизија (1) : 2007–08 Виган Атлетик ФА Куп (1) : 2012-13
Наводи
Надворешни врски Џејмс Мекарти на soccerway
Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Родени во 1990 година