„Горчлива месечина“ (англиски: Bitter Moon) е филм на режисерот Роман Полански. Главните улоги ги толкуваат: Питер Којоти, Хју Грант, Кристин Скот Томас, и Емануел Сење. Филмот е снимен според истоимениот роман на Паскал Брикнер, а музиката ја компонирал Вангелис.„Во светот на лудилото и деструктивната страст“, Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 3.

Содржина Драмата „Горчлива месечина“ е необична приказна за односите меѓу луѓето, моралот, лицемерието, љубовта и омразата. Британската конзервативна двојка Фиона и Најџел Добсон крстарат со брод до Истанбул, на пат кон Индија, но нивните планови се менуваат кога ги запознаваат Мими и Оскар, пар со садистичко сексуално минато. Во филмот се прикажани љубовта и страста во нивната деструктивна сила, претворањето на љубовта во омраза, сожалување, мазохизам и садизам.

Наводи

Категорија:Добитици на Оскар Категорија:Филмови на Роман Полански Категорија:Филмови со Питер Којоти Категорија:Филмови со Хју Грант Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1992 година