мини|Ѕид од тули мини|десно|Изложена ѕидна структура на запустена куќа во с. Гари, Западна Македонија Ѕид — вертикална градба која може да биде самостојна или дел од поголем објект и која служи за потпора, заштита, засолниште или за определба на граници. Кога е дел од куќа служи за да го разделува просторот на одделни соби, а понекогаш ги носи останатите делови на куќата. Во случај на отворен простор игра улога на ограда. Постојат неколку вида ѕидови: носечки, преградни, оградни и потпорни.
Кај градежните објекти, главната улога на ѕидот е да го носи покривот и таванот. Денес ваквите ѕидови имаат посложен состав, бидејќи содржат изолација, арматура, и можат да бидат обложени со друг слој како гипскартон или ламперија. Покрај ова, во нив се вметнуваат инфраструктурни елементи како електрична инсталација и водовод. На ѕидовите се поставуваат приклучоци, прекинувачи, разводници, чешми, се бесат слики, телевизори итн.
Внатрешните ѕидови можат да бидат уметничко дело, како што е случај со фрескописот и релјефот во верските објекти, мозаик и мурали.
Носечки ѕидови Носечките ѕидови претставуваат потпора за сето она што стои врз нив, како тавански конструкции, катови и покриви. Како такви, тие се подебели и често се надворешни. Надворешните ѕидови на една градба честопати се фасадираат, варосуваат, или пак се оставаат поради сопствената естетска вредност, како кај оние направени од камен и тули.
Преградни ѕидови мини|десно|Бедем и шанец на Скопското кале Преградните ѕидови можат да бидат внатрешни и надворешни. Внатрешните служат за одделување на просторот и обично не се носечки (врз нив не се потпира тежина на други надредни елементи). На овие ѕидови се ставаат инсталации, се бесат украсни елементи и се ставаат тапети бидејќи претставуваат непосредна околина во домот или работното место.
Постоајт други видови на прегради во просториите кои не се ѕидани. Некои од нив се подвижни, а некои се прицврстени во самата конструкција. гипскартонски ѕидови, стаклените ѕидови со или без врати, дрвени паравани, армоники и сл.
Постојат големи и долги преградни ѕидови со посебна улога да ги бележат границите на цели држави или региони и да спречат недозволен премин на луѓе и стоки. Покрај заштитната улога, овие ѕидови претставуваат и политички симбол: непријателство на две држави, проблематичноста на регионот и судири на населението, посебноста на два различни система и меѓусебното немешање и слични проблеми. Познат пример за вакова преграда е Берлинскиот ѕид, кој сè до 1989 г. ја двоел комунистичка Источна Германија од капиталистичка Западна Германија.
Оградни ѕидови
Оградните ѕидови се самостојни (не носат дел од градба) и служат како ограда за заштита или обележување на даден отворен простор. Често се направени од камен, кој може да биде необработен или делкан. Необработениот почесто се среќава на селските меѓи, кои имаат улога да означат имот и да спречат бегство на домашните животни. Тука структурната и естетската вредност се на второ место, и затоа честопати воопшто не се изѕидани со врзивен материјал.
Друг вид на оградни ѕидови се одбранбените ѕидови (бедеми) кои имаат воена улога на тврдина околу некој комплекс, манастир или цел град. Во состав на ваквите ѕидови среќаваме кули, градобрани, отвори за стрелци и артилерија. Напати се обиколени со шанец како дополнителна заштита од опсада. Бедемите се мошне дебели и направени од поголеми камени блокови предвидени да издржат напади.
Потпорни ѕидови мини|десно|Потпорен ѕид крај улица
Потпорниот ѕид е посебен вид на ѕид што може да сочинува дел од некоја градба или да биде сосема независен. Се гради на наклонето земјиште, каде постои опасност од одрони и пролизгување, а со тоа и уништување на изградените објекти и земјоделското земјиште. Потпорните ѕидови често се среќаваат кај улици и патишта што минуваат по стрмнини.
Ѕидот како тема во уметноста и популарната култура „Ѕид“ — расказ на српскиот писател Давид Албахари.Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 141-147. „Северниот ѕид“ (српски: Северни зид) - роман на српскиот писател Драган Великиќ од 1995 година.Dragan Velikić, Islednik, peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 269. „Ѕидот како сведок“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 34-35. „Ѕид“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.<ref>Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 37-38.</ref> „Ѕид“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 531. „Ѕидовите“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 63. „Ѕид“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 191. „Ѕид на плачот“ (англиски: Weeping Wall) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1977 година.DISCOGS, David Bowie – Low (пристапено на 22.4.2020) „Големиот ѕид“ (англиски: The Great Wall) — песна на американската панк-група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1986 година.Discogs, Dead Kennedys – Bedtime For Democracy (пристапено на 20.5.2020) „Преку ѕидот“ (англиски: Over The Wall) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1981 година.Discogs, Echo And The Bunnymen* – Heaven Up Here (пристапено на 26.3.2021) „Дупки во ѕидот“ (англиски: Holes In The Wall) — песна од истоимениот музички албум на британскaта рок-група Electric Soft Parade од 2001 година.DISCOGS, The Electric Soft Parade – Holes In The Wall (пристапено на 1.10.2021) „Ѕид“ (англиски: The Wall) — песна на британскaта рок-група Пинк Флојд од 1979 година.DISCOGS, Pink Floyd – The Wall (пристапено на 22.4.2020) „Ѕид“ (англиски: The Wall) — песна на американскиот кантри-музичар Харлан Хауард (Harlan Howard'').Discogs, Johnny Cash – At Folsom Prison (пристапено на 21.2.2020)
Изрази Турка ѕид со глава / удира ѕид со глава - се обидува да постигне нешто невозможно. Затворен е во четири ѕида - не доаѓа во контакт со никого, живее повлечено. Ѕид ги дели - соседи се. Жив ѕид - низа, редица луѓе како пречка, како преграда. Кинески ѕид - несовладлива преграда за какви било врски, изолираност од надворешни влијанија.
Поврзано Ограда Бедем Утврдување Тапет Гипскартон Фахверк Огнен ѕид — поим во информатиката Кинески ѕид Ѕид на плачот Средновековни тврдини во Македонија
Наводи
Категорија:Дом Категорија:Градежништво Категорија:Градежно инженерство Категорија:Имотно право