мини|300п|Пример на поврзаност на просторни податоци (многуаголници) и атрибути (име на држава, валута итн.) Географски информациски систем (ГИС) е систем за управување со просторните податоци и одликите што им соодветствуваат. Во најстрога смисла тоа е компјутерски систем што е способен за интегрирање, складирање, уредување, анализа и прикажување на географски информации. Во поширока смисла ГИС е орудие на „паметна карта“ што им остава можност на корисниците да поставуваат интерактивни прашања (истражувања што ги создава корисникот), да ги анализираат просторните информации и да ги уредуваат податоците.
Технологијата на географскиот информациски систем може да се користи за научни истражувања, управување со ресурсите, управување со имоти, планирање на развојот, просторно планирање, картографија и планирање на инфраструктурата. ГИС често се користи и за потребите на маркетиншките истражувања, геологијата, градежништвото, но и во сите области што користат податоци кои се поврзани со карти.
Компоненти на ГИС и основни поими ГИС се состои од четири интерактивни компоненти: потсистем за внес кој врши претворање на картите (мапите) и другите просторни податоци во дигитален облик (се врши т.н. дигитализација на податоците); потсистем за складирање и повикување на податоците; потсистем за анализа; и излезен потсистем за изработка на карти, табели и за давање одговори на поставените прашања.
ГИС програми Од општ прегледен вид Global Mapper™ ESRI ArcView™ MapInfo Prefessional™ Квантум ГИС Од сложен, тесно стручен вид Encom Discover™ - програма што функционира во симбиоза со програмата MapInfo, наменета за геолозите кои се занимаваат со истражување на лежишта за минерални суровини, но и на останатите геолози. Во оваа програма е можно да се работи анализа на дупчењата, геостатистика, геофизика, геохемија... Encom Discover 3d™ - додаток за Encom Discover™ со чија помош е можно податоците да се проектираат и моделоираат во трета димензија ESRI ArcGIS™ Oasis Montaj™ ER Mapper™ - анализа на сателитски снимки, далечинска детекција Suprac™ Micromine™ Rockworks™ - истражување на седиментни лежишта, лежишта на нафта и гас, геохемија, геофизика, 3D прикажување GRASS GIS
Поврзано Геокодирање
Надворешни врски iОпштина - ГИС на Македонија ГИС на Град Скопје gismap.by - ГИС на Белорусија
Категорија:Геоинформатика Категорија:Инфраструктура Категорија:Физичко планирање