Масаи е народ од источно-суданското семејство на народи, гранка на Нилотите. Околку 300 000 припадници на народот „Масаи“ живеат во Кенија и Танзанија. Многу од нив живеат традиционален начин на живот и одгледуваат стока на саваните. Основна социјална единица е бома. 20 до 50 вакви боми сочинуваат село. Племето Масаи е полуномадски народ, верен на својата традиција. Ако во местото на живеење се случат големи несреќи, тие се селат од таму, дури и кога живеат во поголемите градови. Мажите Масаи се сметаат себеси за воини, носат долго копје и долга коса што ја фарбаат црвена. На свечености, се мачкаат по лицето со црвени бои. Жените сосема спротивно од нив, ја бричат главата и воопшто немаат коса. Мажите изработуваат накит од мониста и се китат со него. Жените Масаи носат раскошни ѓердани од бисери, бројот и боите на бисерите покажуваат дали жената е мажена и колку деца има таа. Бисерите, исто така покажуваат колку богата е таа. Останатите домородни племиња не ги сакаат луѓето од племето Масаи, ги сметаат за нецивилизирани, но за туристите најчесто се атракција. Масаите говорат Маа јазик кој припаѓа на групата нилосахарски јазици. Традиционалната Масаи религија е монотеистичка и Бог се нарекува Енга. Мал број од народот Масаи се школувани, и најчесто школуваните не остануваат во Масаи заедницата, туку си ја бараат среќата на друго место. Живеат во мали колиби, толку ниски што во нив не можеш да стоиш исправен. Најчесто се сточари, и главно јадење им е месото од закланите животни. Традиција е да ја пијат крвта од животното што го заклале, и традицијата налага мажите и жените да не јадат заедно. Жените не смеат дури ни да ја допрат храната која треба да ја јаде Масаи воинот, и единствено нешто што жената може да го направи за својот сопруг е да му свари чај. А чај пијат често, како замена за оброци, бидејќи јадат месо еднаш на неколку дена. Се смета за културно да го примат во колибата на спиење и јадење било кој Масаи патник, но само ако е на слична возраст како мажот што живее во таа колиба. Натаму традицијата налага Масаи воинот да има многу деца, но не мора да се од иста жена. Кај нив преовладува полигамијата. Се женат според своите, а не според државните правила, и најчесто немаат никакви документи. Женските деца ги мажат рано, најчесто ги даваат како втора, трета или четврта жена на некој многу постар од неа Масаи воин. За мажите важи правилото – првото свое дете и го дава на својата мајка, кое треба да и служи како слуга (значи детето живее со својата баба, а не со својата мајка).

Историја Масаите се Нилотска група. Тие го населуваат регионот на големите езера во Африка. Дојдени се во Источна Африка преку Јужен Судан. Повеќето Масаи се сточари и се познати по својата репутација како воини. Како и други цивилизации и Масаите во Источна Африка имаат усвоено многу обичаи и практики од соседните Кушитски групи, вклучувајќи возрасен систем на опшествена организација, обрежување и зборови.

Потекло, миграција и асимилација Според нивната историја, Масаите потекнуваат од долниот тек на реката Нил, северно од езерото Туркана. Во 15 век мигрирале на југ, на земјиште што сега се протега во северна Кенија, а во 17ти и 18ти век на земјиште што сега се протега во централна Танзанија. Многу етнички групи кои веќе формирале населби во тие региони биле насилно одселени од страна на Масаите. Додека други, главно јужните Кушитски групи биле асимилирани од опшеството на Масаите. Како резултат од мешавината на Нилотските и Кушитските групи настанале Калењин и Самбуру. мини|десно|Масаи човек

Населби во Источна Африка Територијата на Масаи го достигнува својот најголем подем во средината на 19от век, кога ја зафаќа речиси целата долина. Како најголема група во тоа време Масаите краделе добиток од Далечниот Исток, крадците користеле копја и штитови, но повеќето стравувале поради фрлањето на клубови кои можеле да бидат точно фрлени и до 70 чекори, односно 100 метри. Во 1857 година биле депопулирани во „Вакуафи пустината“ во југоисточна Кенија. Поради оваа миграција, периодот на експанзија бил обележан со епидемии на заразни болести, како: плеуропнеумонија, говедска чума и големи сипаници. Проценката од оваа катастрофа првпат биле изнесени од страна на германски доктори, која била дека 90% од добитокот и дивите животни биле заразени од говедска чума. Оваа катастрофа се совпаднала со суша. Австрискиот истражувач Оскар Бауман проценил дека две третини од народот Масаи загинал за време на овој период. Тој исто така напишак книга во која го опишал животот на Масаи народот во овој пероид и во не а вели: „....има жени кои кои биле залудно потрошени за скелети од чии очи лудилото на глад заслепува......., воини едвај способни да ползат на сите четири и старешини полни со копнеж. Роеви на мршојадци ги следат од високо, во очекување на своите одредени жртви. “ Со договор земјиштето на Масаите во Кенија се налалило за 60% , кога Британците ги протерале за да се направи простор за доселениците, потоа ги задржале областите Кајиадо и Нарок. Масаите во Танзанија биле протерани од плодната земја помеѓу планините Меру и Килиманџаро. Масаите се спротивставиле на танзанската и кенијската влада да донесат повеќе седентарен начин на живот. Тие побарале право за пасење на добитокот на многу од националните паркови во двете земји. Масаи луѓето застанале против ропството и живееле со повеќето диви животни. Масаите сега ги поседуваат најдобрите области во Источна Африка. Тие никогаш не го простиле сообраќајот на човечките суштества. Иако Масаи луѓето застанале против ропството и сообраќајот на луѓето, тие биле во такви можности да мозажат да освојат големи области во кои претходно живееле луѓе кои се разместиле ( отселиле). Во суштина постојат дванаесет географски сектори на племето, секој од нив има свој обичаи, изглед, водство и дијалекти.

Култура Масаи опшеството е силно патријархално, со постари мажи, понекогаш придружувани од пензионери, да одлучат за повеќето работи во секоја Масаи група. А со полно тело на усниот закон се вклучуваат многу аспекти на однесување. Надвор од судскиот процес се практикува таканареченото „Амит“ или „да се направи мир“, кое вклучува значително извинување. Масаите се монотеисти, тоа вклучива обожување на едно божество што се нарекува ЕНГА. Енга има двојна природа: Црн Бог – добротворна и Црвен Бог – одмаздувачка. „Планината на Бог“ се наоѓа во северна Танзанија. Централната фигура на нивниот религиски систем е исцелување, девинација и пророштво, и обезбедување на успех во војна или соодветни врнежи. Многу Масаи станале христијани, а во помала мера муслимани. Тие се познати по нивниот сложен накит. Стапката на смртност на новороденчињата довела до тоа, бебињата да не бидат признаени сè додека не наполнат 3 месеци. Масаите живеат традиционален живот, нивниот крај на животот е речиси без церемонија, мртвите се оставени на дивите животни и разградувачите. Труп кој бил одбиен од страна на дивите животни се докажувало дека нешто не е во ред со нив и претставувал социјален срам, затоа не било невообичаено телата да биле премачкани со маст и крв од заклан вол. мини|лево|Изградба на куќа Масаите живеат традиционален живот чиј центар е добитокот, што претставува нивен примарен извор на храна. Мерката за тоа колку е богат еден Масаи човек е во добитокот и во децата. Еден човек кој има многу од едното но не и од другото се смета за сиромашен. Нивното верско убедување е дека Бог им го доделил целиот крупен добиток на земјата, што довело до верување дека крупниот добиотк од сите племиња е нивни и почнале да си го земаат назад. Со текот на годините оваа практика станала многу поретка. Мажите во Масаи племињата се родени и одгледани за да бидат воини. Тие не се женат кога се млади, поради тоа што остануваат во шумата за да го чуваат и штитат племето. Ова е причината поради големата разлика во годините помеѓу мажот и неговата сопруга. За разлика од мажите, жените се мажат додека се млади.

Надворешно влијание Одржувањето на традиционалниот пастирски стил на живот станал се потежок поради надворешните влијанија од современиот живот. Етиопија била првата држава во Африка која го прифатила христијанството во 4 век. По 7 век, исламот се проширил на јужниот дел од северна Африка, а на источните брегови на Африка бил донесен од страна на арапските трговци кои доаѓале ок Јемен и Оман. Во градовите на островите на Занзибар во Танзанија и Ламу во Кенија, видливо е арапското влијание. Во 19 и 20 век Европејците колонизирале голем дел од Источна Африка. Покрај тоа што имале културно и политичко влијание, европските колонизатори голем дел од плодната почва ја претвориле во големи фарми за да одгледуваат земјоделски култури за извоз. До 60-тите години на 20 век, африканските нации се здобиле со долгопосакуваната независност. Други надворешни влијанија се христијанските мисионерски мисии со кои се задржала шарената култура на Масаи луѓето, им создале можности за образование на сите, изградиле центри за спасување на младите девојки и развој на заедницата. Исто така промовирале и преобратување во христијанство. Со текот на годините многу проекти им помогнале на племенските водачи да најдат начини да ги сочуваат своите традиции, исто така балансирале образовни потреби за нивните деца како потреба за модерниот свет. Новите форми на вработување на Масаи луѓето вклучуваат земјоделство, бизнис (продажба на традиционалната медицина, водење на ресторани / продавници, купување и продавање на минерали, продажба на млеко и млечни производи од страна на жените, везови), и вработување плата (како чувари / стражи, келнери, туристички водичи), и други кои се ангажирани во јавниот и приватниот сектор. Многу Масаи се преселиле во поголемите градови. Музика и танц Масаи музиката традиционално се состои од ритми обезбедени од страна на хорот, додека водачот на песната ја пее мелодијата. Водачот на песната обично е пејач, кој најдобро може да ја пее таа песна. Секој песна има сво специфични намба структури врз основа на повик-и-одговор. Текстот е проследен со типична тема и се повторува дословно со текот на времето. Движењето на вратот го придружуваат пеењето. Кога се вдишува главата се спушта напред, кога се издишува се враќа назад. За разлика од други Африкански племиња, Масаите користат широка, ѕунлива полифонија. Жените ги пеат приспивните и песните во кои ги слават своите синови. Кога многу жениќе се соберат заедно тие пеат и танцуваат меѓу себе. Единствен исклучок од гласната природа на Масаи музиката е при употребата на рог за повикување на Моранс за церемонијата Еуното. Двете пеењто и танцувањето понекогаш користат за флетување. Младите мажи формираат линија и ритмички извикуваат "Oooooh-yah", а девојките стојат пред мажите и пеат за високиот смртен пад на "Oiiiyo..yo". иако телата им доаѓаат во близина, тие не се допираат бидејќи не смеат.

мини|десно|Традиционалните Масаи Танци Еуното церемонијата е доаѓањето на возрасен воин, и таа може да вклучи 10 или повеќе денови теење, танцување и изведување ритуали. Девојките на Моран парадираат самите во нивните најспектакуларни носии, како дел од Еуното. Мајките на Моран пеат и танцуваат во чест на храброста и смелоста на нивните синови.

Модификации на телото Пирсот се наоѓа на ушните школки. Различни материјали се користат двата прса и се протегаат лобуси, вклучувајќи трње за пирсинг, гранчиња, снопови на гранчиња, камења, пресек на слонови коски и празни филм канистри. Се помалку Масаи (особено момчињата) го следат овој обичај. Жените носат различни форми на брадестиот накит во двете ушни школки и помали пирсови на врвот од увото. Постои силна верба меѓу Масаи дека дијареа, повраќање и други фебрилни болести во раното детство се предизвикани од страна на гингивален оток над кучешкиот регионот, кој се смета дека содржи „црви“ или „најлон“ на забите. Поради тоа Масаите уште во раното детство им ги ваделе кучешките пупки на забите од своите деца. мини|Масаи жена

Исхрана