Никола Атанасов (, Драмско, егејскиот дел на Македонија, - , ) — македонски флејтист и професор по флејта, познат во Македонија и Балканот. Бил именуван за легенда во музичката уметност.

Животопис Атанасов е роден во 1939 година во селото Просечен, Драмско. Во 1964 година завршил Музичка академија во Љубљана, а како стипендист на италијанската влада една година престојувал на академијата „Санта Чечилија“ во Рим. Тој бил прв флејтист во оперскиот оркестар на тогашен МНТ каде што останал до крајот на својот работен век.Бил постојан солист на Македонската филхармонија, на камерниот ансамбл за современа музика „Св. Софија“, солист на камерниот оркестар на Радио Скопје. Атанасов има добиено многубројни стручни награди, државни признанија, „11 Октомври“, „Св. Kлимент Охридски“, „Златна лира“ и други. Починал во Скопје по долгогодишно боледување на 4 декември 2013 година.

Наводи

Категорија:Македонски флејтисти Категорија:Југословенски флејтисти Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Луѓе од Просечен