Барбара Поповиќ (родена на , ) - македонска пејачка.
Животопис Својата музичка кариера ја започнала од 6 години. На возраст од 6 до 10 години учествува на реномираниот детски фестивал Супер Ѕвезда со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и со други песни. На овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.
Од шестгодишна возраст го изучувала пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.
На 30 ноември 2013 година Поповиќ ја претставила Македонија на европскиот музички фестивал Детски избор за песна на Евровизија со песната „Охрид и музика“ и го освои последното место.
По кратка пауза, се вратила на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната "Не си ти крив".
Наводи
Надворешни врски
Барбара Поповиќ - профил на учесник на официјалното мрежно место на Детска Евровизија Видеа на официјалниот канал на Детска Евровизија на YouTube Barbara - Ohrid i muzika (FYR Macedonia) (студиска верзија) Barbara - Ohrid i muzika (FYR Macedonia) (на живо во финалето на Детски избор за песна на Евровизија 2013)
Категорија:Родени на 16 август Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија