Германска национална библиотека ( или скратено DNB) — главна архивска библиотека и национална библиотека на Германија. Нејзина задача е да ги собира, архивира, документира и библиографски забележува сите германски публикации и публикации издадени на германски јазик од 1913, странски публикации за Германија, преводи на германски дела и дела на германски емигранти издадени во странство помеѓу 1933 и 1945 и да овозможи да станат достапни на јавноста. Германската национална библиотека одржува соработки со надворешни субјекти на национално и меѓународно ниво. На пример, таа е водечки партнер во развивање и одржување на библиографски правила и стандарди во Германија и игра значајна улога во развојот на меѓународните библиографски стандарди. Соработката со издавачите е регулирана со закон од 1935 за Германската библиотека Лајпциг и од 1969 за Германската библиотека Франкфурт.
Должностите се поделени помеѓу објектите во Лајпциг и Франкфурт на Мајна и секој објект ја насочува својата работа во одредени области. Третиот објект, Германскиот музички архив Берлин (Deutsches Musikarchiv Berlin; основан 1970), се занимава со сите музички архивирање (како печатени, така и снимени материјали).
Инвентар
Вкупно: 27,7 мил. дела Лајпциг: 16,7 мил. дела Франкфурт на Мајна: 10,3 мил. дела онлајн публикации: 719.000 дела
Галерија
Поврзано Обединета нормативна податотека (Gemeinsame Normdatei или GND)
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Германски музички архив Берлин AG Sammlung Deutscher Drucke theeuropeanlibrary.org - Комбиниран пристап до 48 национални библиотеки во Европа Libraries-Link.net - Германски портал за библиотеки
Категорија:Национални библиотеки Категорија:Библиотеки во Германија Категорија:Депозитни библиотеки