Горан — старо словенско машко име, настанато од именката гора. Во вистинска смисла означува оној кој е роден во шума, планина, но и оној кој е голем и силен. Се претпоставува дека во минатото е извадено од името Горислав, а по некои етимолози од името Георгије Петар Стевановић - Ономастикон - име знати изабрати: Горан. Исто така, постои мислење дека има и грчко потекло-{baby names pedia:}- Горан-{Think Baby Names}-: Горан. Името постои во Србија, Хрватска, Македонија и Словенија -{Behind The Name}-: Горан, но и во Шведска (се пишува Göran) и значи „фармер“-{baby name facts}-: Горан . Во оваа земја се слави и именден на 23 април -{Behind The Name}-: Горан - имендан.

Популарност

Во изминатите векови ова име во Србија било многу ретко, но во втората половина на XX век стана популарно и распространето во сите краишта на земјата. Во периодот од 2003 до 2005 било 71-во по застапеност, а во Македонија во 2011. имало 12.392 луѓе под ова име и е на четвртото место. Во Словенија во 1993, 1995 и 1997 било меѓу првите сто. Во јужна Австралија во 2004 било на 501-вото место.

Изведени имиња Од ова име се изведени имињата Гора, Горана, Горе, Гого, Горица и Горјанка. Горе како име се јавува во англискиот јазик и има необично значење „триаголна земја“, најверојатно се однесува на жител на такво место-{baby name facts}-: Горе -{Think Baby Names}-: Горе-{Behind The Name}-: Горе. Интересен податок е дека две населени места во САД и едно во Етиопија го носат овој назив-{baby name facts}-: насељена места са називом Горе.

Наводи

Категорија:Машки имиња Категорија:Македонски машки имиња Категорија:Словенски имиња