Самарџија, седлар или сарач — занаетчија специјализиран за обработка на кожа и гума. Пред сè, седла, појаси, футроли за огнено оружје, фишеклии за ловци, паричници, камшици. Овој занает спаѓа во кожните занаети.Stari Zanati u Srbiji, Ministarstvo trgovine, turizma i telekomunikacija, Beograd, 2016. Сарачката роба можела да се купи и на пазарите и панаѓурите. мини|Џилде, алатка за сарачко-седларски занает - Музеј на Старата скопска чаршија Самарџијата производите ги изработувал рачно, а алатките што ги користил се многубројни и вклучуваат сарачко шило и игла со кои рачно шиел, потоа многу различни ножеви, сечила, ножици, зумби, калапи, стеги и преси. Во почетокот самарџиите сами ја правеле и подготвувале кожата, потоа ја набавувале и на крајот почнале да користат фабрички обработена кожа. Пред индустријализацијата, секое домаќинство имало коњи и волови, кои се користеле за обработка и влечење. Но, со модернизацијата и сузбивањето на запрегите, бројот на самарџиите се намалил, а денес овој занает е многу редок.
Денес, неизбежната пластика ги потиснува кожните предмети. Бидејќи кожните предмети бараат многу професионална, човечка работа, а тоа им ја зголемува цената. Ремени, паричници, кутии за пиштоли... тие се повеќе се направени од пластика, лесни се, водоотпорни, нивната цена е ниска.
Сарачки занает мини|Дел од коњска опрема 19 век - Музеј на Старата скопска чаршија Сарачки занает — се занимавал со изработка на предмети од кожа, пред сè коњска и товарна опрема како што се седла, самари, узди, ремени, торби и други кожни делови. Сарачкиот занает во Македонија долго време бил во рацете на Турците, но меѓу двете војни, со него се занимавале и Македонци.
Освен основната опрема на самарџиите, сарачите изработувале и узди, ремења, реденици, седла, дисаѓи, анџици, амови, делови од опремата на коларите, како и разни кожни футроли за чување оружје, ножеви, ташни и други предмети.
Од 1914 до 1941 година со овој знает се занимавале само тројца сарачи; во Струга до 1935 година само еден, а од 1938 година работеле само двајца занаетчии. За овој занает кај младите воопшто не владеел интерес, па ниеден занаетчија не држел кај себе ученик. Сарачите набавувале суровина од охридските кожари, а подоцна и од трговијата.Д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-струшкиот регион, 1918-1970, НИО Студентски збор, Скопје, 1983 год., стр.83-84
Наводи
Надворешни врски Стари занаeти - сарач (Агро ТВ - Официјален канал) Стари занаети во Србија
Категорија:Стари занаети Категорија:Турцизми