Маја Зебиќ (родена на 31 мај 1982 во Сплит) е хрватска ракометарка која игра за Јенимахале Беледијеси и за хрватската репрезентација.
Каиера Во својата богата клупска кариера Зебиќ играла за Сплит Калтенберг, Локомотива Загреб, Подравка Копривница, Ичако, Зајечар и Вардар пред да дојде во Јенимахале.
Со Подравка има освоено седум шампионски титули и седум титули во Купот на Хрватска како и една титула во Регионалната лига во сезоната 2008-2009. Со хрватскиот шампион, исто така, играла во финалето на Купот на победници на куповите во 2005 година и во финалето на Купот на ЕХФ во 2006 година. По седум години во клубот од Копривница, во 2011 година се преселила во Ичако каде го имала своето прво искуство во странство. Во Итчако се задржала само една сезона и триумфирала во Суперкупот на Шпанија, но играла и во финалето на Лигата на шампионите во кое сепак шпанскиот тим бил поразен од норвешкиот Ларвик. Од 2012 до 2014 година настапувала за српскиот Зајечар со кој го освоила Купот на Србија, а во 2014 година дошла во Вардар. Во 2014, 2015 и 2016 година, таа триумфирала со Вардар во Македонското првенство и Купот на Македонија. Пред почетокот на сезоната 2016-2017 таа се преселила во турскиот клуб Јенимахале Беледијеси.hentbolhaber.net: Eler: Parolamız şampiyonluk, пристапено на 25 февруари 2018
Од 2006 година, Маја Зебиќ е стандардна во составот на репрезентацијата на Хрватска со која има настапено на четири европски и на три светски првенства, а била дел и од олимпискиот тим што го освоил 7.место на ОИ 2012 во Лондон.
Наводи
Надворешни врски Профил на eurohandball Профил на sports-reference
Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски ракометарки Категорија:Ракометарки на Подравка Категорија:Ракометарки на ЖРК Вардар