Португалскиот јазик () е романски јазик од индоевропската фамилија. Потекнува од областа Галисија (во Шпанија и северна Португалија). Тој е службен јазик на Бразил, Гвинеја-Бисао, Зелено'ртските Острови, Мозамбик, Португалија и Саун Томе и Принсип, а е коофицијален со кинескиот јазик во Макао (Кина) и Тетум во Источен Тимор.

Португалскиот јазик често се нарекува „јазикот на Камоеш“, по авторот на португалската национална епска поема Лузитанци; потоа „последниот цвет на Латинум“ (од Олаво Билак) и „слаткиот јазик“ од страна на Мигел де Сервантес.

Португалскиот јазик се зборува и во Луксембург, Намибија и Парагвај.

Наводи

Категорија:Романски јазици Категорија:Јазици во Бразил Категорија:Јазици во Португалија * Категорија:Флективни јазици Категорија:Јазици во Индија