"It's a Hard Life" e песна на британскиот рок бенд Квин, напишана од главниот пејач Фреди Меркјури. Била издадена на нивниот албум The Works од 1984 година, и била третиот сингл од тој албум. Стигнала до местото број 6 на британската сингл листа и била нивни трет последователен Топ 10 сингл од албумот. Исто така песната се искачила и до местото број 2 во Ирска, како и до место број 20 во Холандија.
Композиција Стиховите на почетокот на песната и мелодијата на It's a Hard Life се засновани на стихот "Ridi, Pagliaccio, sul tuo amore infranto!" (Смеа, кловн, кон твоето скршено срце) од аријата "Vesti la giubba, од операта Паљачо на Руџеро Леонкавало. Меркјури е познат по својата љубов кон операта, која има силно влијание во многу песни на бендот Квин. (на пример Bohemian Rhapsody).
Музички, песната повторно го создава чувството од „Play the Game“, со цел да ја надополни приказната, исползувајќи го свирењето на Меркјури на пијаното и карактеристичната техника на бендот од повеќеслојни хармонии. Била снимена во традицијата на претходните албуми на Квин кои не вклучувале синтисајзери. Од снимањето на The Game од 1980 година па се дотогаш бендот користел синтисајзери при снимањето и затоа потегот на враќање кон традиционалниот звук на Квин бил утешителен за некои обожаватели.
Музичко видео Видеото на Тим Поуп кое ја пропратува песната, било создадено во оперски стил, каде бендот и додатоците се појавуваат во костими во „оперски-стил“. Видеото исто така вклучувало како Меј свири несекојдневна гитара направена од „череп и коски“ која чинела повеќе од 1.000 фунти, и која може да се види на опаковката на синглот.
На бендот костимите им биле непријатни и топли, а „очите“ на облеката на Меркјури била исмевана од другите, кои велеле дека тој им наликува на „големо морско ракче“. И Брајан Меј и Роџер Тејлор се пожалиле на видеото кога било пуштено во позадина додека давале интервју за колекцијата Greatest Video Hits 2.
Тејлор рекол дека тоа било „најлошото музичко видео дотогаш“. Меј, пак, попозитивно истакнал дека видеото е иронично и го претставува Меркјури како богат човек кој пее за тоа како се тешки животот и љубовта, а во тоа време Меркјури во својот вистински живот поседувал големо богатство но сè уште трагал по љубов.
Роџер тејлор, од негова страна забележува дека тој всушност ја обожава песната, но го мрази видеото. И покрај ова видеото било постирано на официјалниот канал на бендот на YouTube.
Една од глумиците во видеото е германската глумица, Барбара Валентин.
Бенд Фреди Мекјури: водечки и споредни вокали, пијано Брајан Меј: водечка гитара, следечки вокали Џон Дикон: бас гитар Роџер Тејлор: тапани, следечки вокали
Позиција на топ-листите Табела (1984) НајвисокапозицијаАвстралија (Kent Music Report)65Ирска (IRMA)Irish charts search . irishcharts.ie. Accessed on 23 July 2013. In the box under Search by Song Title, type in It's a Hard Life. Then click search. Accessed on 23 July 2013.2
Наводи
Категорија:Песни на Queen Категорија:Рок балади Категорија:Синглови од 1984