Црква — археолошко наоѓалиште во поречкото село Долни Манастирец. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на училиштето, десно од патот што води кон селото Тополница, каде што се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“. На мал простор по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Откриени се темели од стари објекти и неколку питоси. Некрополата е откриена во дворот на училиштето, а гробовите биле градени од големи имбрекси. Според жителите, биле наоѓани и монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Долни Манастирец; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Долни Манастирец