Александар Трајановски (Долни Липовиќ, - Скопје, ) — македонски историчар и публицист

Животопис Трајановски е роден на 7 март 1945 година во радовишкото село Долни Липовиќ. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за национална историја во 1971 година. Работел во Граиште, Демирхисарско; Конче, Радовишко; и во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје. Во 1971 година, тој се вработил во Институтот за национална историја (ИНИ) во Скопје. Магистрирал во 1975 година, а додека во 1985 година докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под менторство на академикот Љубен Лапе. Како стипендист на француската Влада, тој бил и на шестмесечен научно–студиски престој во Париз (1975/76). Тој бил член на Македонското научно друштво од Битола.

Трајановски бил носител и координатор на повеќе проекти во ИНИ, МАНУ, ДАРМ, ИСППИ и Филолошкиот факултет во Скопје, како и на Педагошкиот факултет во Битола. Сите поранешни научни проекти ги преобразил во забележителни научни студии, монографии, зборници на документи или друг вид на одделни публикации. Учествувал на над стотина научни конференции, конгреси, тркалезни маси, предавања и друг вид на научни собири во земјата и странство. Тој бил автор или уредник на повеќе од триесет одделни публикации, учебници, зборници на документи или историографии.

Наводи

Категорија:Луѓе од Долни Липовиќ Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски публицисти Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје