Грамадиште — археолошко наоѓалиште во поречкото село Ковче. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, на голема површина од високата тераса што се издига на левиот брег на Мала Река), каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Видливи се и големи грамади од градежен материјал. На источниот крај на наоѓалиштето се откриени неколку гробови градени од големи камени плочи, со различна насоченост. Најдени се и неколку монети кои се чуваат кај човек од истото село.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ковче; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Ковче