Рубе (; ) — општина во департманот Север, во северна Франција. Се наоѓа помеѓу градовите Лил и Туркоан.

Железничката станица во Рубе нуди врски до Лил, Туркоан, Антверпен, Остенде и Париз.

Спорт

Рубе претставува цел на велосипедскиот класик Париз-Рубе, еден од најпрестижните настани во велосипедскот календар. Трката од 259,5 километри од Компјењ до Рубе вклучува скоро 50 километри на калдрма.

Една од најдолгите патеки за брзо одење во светот исто така се одржува секоја година во Рубе. Од 1953 „Рубе 28 часа“ се пренесува на телевизија, кога учествуваат спортисти од дузина земји со цел да постигнат најдолго можно растојание во поставената граница од 28 часа. Моменталниот рекорд е 255 километри, но секоја година победникот остварува повеќе од 200 километри.

Меѓународни односи Збратимени градови

Рубе е збратимен со следниве градови:

Брадфорд, Англија, Велика Британија, од 1969 Менхенгладбах, Германија, од 1969 Вервије, Белгија, од 1969 Скопје, Македонија, од 1973 Прато, Италија, од 1981 Сосновјец, Полска, од 1993 Ковилја, Португалија, од 2000 Буира, Алжир, од 2003

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Туристичка страница Страница за музејот

Категорија:Општини во Север (департман)