Брчка — археолошко наоѓалиште во поречкото село Тажево. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на десниот брег на селската рекичка, на пространа тераса која зафаќа простор од 250 × 150 м, каде се среќаваат многу фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Видливи се и грамади од градежен материјал, а биле најдени и два питоса. На горниот крај на наоѓалиштето се откопани неколку гробови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од средниот век; Селиште — населба и црква од средниот век; Тажево; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Тажево