мини|десно|300п|Претседателот Ѓорге Иванов му ја врачува титулата „Национален уметник“ на пијанистот Симон Трпчески
Национален уметник на Република Македонија — титула која ја доделува Претседателот на Република Македонија врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. Се доделува на уметник кој создава дела од уметничкото творештво или изведува дела како актер, режисер, костимограф, сценограф, ликовен уметник, фотограф и архитект, вокално-инструментален солист, диригент, композитор, писател, сценарист, кореограф и балетски уметник.
Титулата почнала да се доделува од 2011 г. согласно посебно донесениот закон за оваа титула. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.
Наградата за последен пат била доделена во 2016-та година, кога била укината.
Со законот со кој истата била укината, на националните уметници кои веќе се стекнале со титулата им се гарантирала натамошна исплата на вклучената сума.
Критериуми Титулата претставува е највисоко признание од областа на културата во земјата и се доделува на уметник кој исполнува општи и поединечни критериуми:
Општи критериуми Наградениот треба да им исклучителен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста на Република Македонија, како и за нејзина афирмација во светот; или Да е добитник на една од следниве државни награди: „11 октомври“ за животно дело, „11 октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста, „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста или „23 октомври“ за долгогодишни остварувања во културата.
Поединечни критериуми Покрај општите критериуми, уметникот од областа на ликовната уметност треба да исполнува поединечни критериуми за остварувања во земјата и странство, кои се разликуваат во зависност од дејноста и творештвото на уметникот. Тие се наведени во Член 3 од Закон за националниот уметник на Република Македонија.
Носители Име Дејност Слика Година Симон Трпчески пијанист100px2011 Милчо Манчевски режисер 100px 2012 Есма Реџепова пејачка на ромска и македонска народна музика 100px 2013 Борис Трајанов оперски пејач 2014 Ана Дурловски оперска певица 2015 Никола Маџиров поет 2016http://sitel.com.mk/nikola-madzhirov-nacionalen-umetnik-za-2016
Поврзано Национален уметник — други вакви титули во светот Народен артист
Наводи
Надворешни врски Закон за националниот уметник на Република Македонија
Категорија:Државни награди на Македонија Категорија:Македонски награди Категорија:Македонски уметници
Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија