Коските на нозете () претставуваат пет долги коски кои го формираат докоренот на стапалото (). Рспоред и поврзување Се бележат со редни броеви од медијалниот кон латералниот раб на стапалото; со задните краеви се зглобуваат со тарзалните коски, а со предните се зглобуваат со горните фаланги од прстите. Заеднички одлики Сите пет коски се состојат од: тело, така што се стеснува и во долниот дел е конкавно, а во горниот дел е малку конвексно; база или заден крај, од страна на соседната коска содржи груба дорзална и плантарна површина за прикачување на лигаментите; глава или преден крај претставува конвексна зглобна површина и овозможува премин на некои тетиви. Коски на прстите Во состав на коските на нозете се и коските на прстите од стапалото (), кои се 14 долги коски или фаланги (),распоредени во три дела (проксимален, среден и дистален) секој прст има по три фаланги, а палецот две фаланги. Зглобови Зглобови на прстите од стапалото () ги поврзуваат метатарзалните коски со горните фаланги од прстите и вршат движење на флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција на прстите; интерфалангеалните зглобови ги поврзуваат фалангите од прстите и вршат движења на флексија и екстензија на прстите од ногата. Мускули Во стапалото се наоѓаат 20 мускули поделени на дорзални и плантарни: плантарните се делат на три групи: медијална, средна и латерална и дејствуваат како активни врски на сводовите од стапалото. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски