Требел () – река во Западна Померанија, област во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во Германија. Реката е долга околу 75 километри. Погендорфер Требел (извира во Клајн Царневанд) и Кронхорстер Требел (извор во Витенхаген) се изворите на реката и се спојуваат во Гримен. Потоа, реката тече близу Квицин, Блинде Требел се влева во неа близу Францбург, поврзана е со реката Рекниц преку канал близу Трибзес, се спојува со реката Варбел близу Басендорф (дел од Дајелсдорф), потоа ја создава историската граница помеѓу Мекленбург и Померанија и се влева во реката Пене близу Демин. Ибицграбен, Ибицбах и Ротер Брикенграбен се канали кои ги поврзуваат реките Требел и Пене близу нивното устие.
Наводи
Надворешни врски
Опис за реката
Категорија:Реки во Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Померанија