Кобел — археолошко наоѓалиште во преспанското село Крани. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м од селото, каде од двете страни на патот кон езерото, во нивите на местен селанец при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Анче — населба од хеленистичко време; Св. Илија — црква и некропола од средниот век; Св. Никола — црква и некропола од средниот век; Крани; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Крани