Св. Ѓорѓи — археолошкo наоѓалиште во преспанското село Курбиново. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на 3  км источно од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Ѓорѓи“ од XII век. Тука при изведувањето на конзерватоските работи на црквата, во 1953 и 1980 година, се извршени и археолошки истражувања во неа и околу неа. Откриени се гробови во кои како прилози имало сребрени обетки од типот „Курбиново“, прстени, а во еден детски гроб керамичка чашка. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Рајчинец — населба од средниот век; Курбиново — населба од римско и доцноантичко време; Рекиње — топилница од доцноантичко време; Кули — населба од хеленистичко време; Каштино — населба и топилница од доцноантичко време; Кула — тврдина од средниот век; Св. Атанасиј — црква од средниот век; Св. Крстовден — базилика од старо христијанско време; Курбиново; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Курбиново