Стара Црква или Свети Дух — археолошко наоѓалиште во преспанското село Лавци. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на западниот раб на селото каде што се издига висок рид со зарамнето плато на кое се забележуваат остатоци од ѕидови од објект со мали димензии. Околу него се гледаат гробови градени од камени плочи. Наоѓалиштето е обраснато со дабова шума.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Андонови Градини — населба од римско време; Тумба — населба од доцноантичко време; Трансформатор — населба од средниот век; Лавци; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Лавци (Ресенско)