Ливаѓе — археолошко наоѓалиште во преспанското село Претор. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од јужната страна, каде со сондажното археолошко истражување извршено во 1973 година е откриен голем број археолошки предмети, и тоа фрагменти од керамички садови, питоси, тегови и градежен материјал. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кулине — населба од бронзено, хеленистичко, римско време и среден век; Копачките — некропола од доцноантичко време; Претор — населба од доцноантичко време; Летувалиште — населба од доцноантичко време; Ливатчиња — вила рустика од римско време; Петрино — населба од доцноантичко време; Св. Атанасија — црква од средниот век; Св. Арангел — осамен наод од римско време; Св. Богородица — црква и некропола од средниот век; Св. Петка — црква и некропола од средниот век; Св. Недела — црква од средниот век; Претор; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Претор