мини|десно|200п|Дијаграм на кошаркарски терен.
Кошарка — екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 305 сантиметри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.
Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална кошаркарска асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До поени во кошарката се доаѓа со фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе оствари повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи по 1 поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.
Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.
Историја
Првите правила, терен и игра Во почетокот на декември 1891 година, д-р Џејмс Нејсмит, канадски професор по физичка култура од универзитетот МекГил од Монтреал и инструктор во Вежбалното училиште YMCA (денес Спрингфилд Колеџ), во Спрингфилд, Масачусетс, САД, барал енергична игра на затворено за да ги држи своите студенти зафатени и на одредено фитнес ниво за време на долгите зими во Нова Англија. По отфрлање на скоро сите идеи кои биле или премногу груби или слабо одговарале на околностите во гимназиите, тој започнал со создавање на правилата на кошарката. Професорот прво закачил кош за праски на 3.05 метри односно 10 стапки. Во спротивност со модерните кошаркарски мрежи овој кош за праски го држел своето дно и топката морала повторно да се врати штом еднаш бил постигнат бод. Сепак ова се докажало неефикасно, па така била направена дупка на дното од кошот, овозможувајќи и на топката да ѕирка, со цел да може лесно да се изнеси со дрвен клин. Кошовите за праски се употребувале сè до 1906 година кога се замениле со метални обрачи со табла. Набргу била направена промена, па така топката само поминува низ мрежата, пробивајќи го патот до кошарката како што ја знаеме денеска. Секогаш кога некое лице ја фрлало топката во кошот, неговата екипа постигнувал бод. Секогаш кога екипата постигнува најмногу бодови тој ја добива играта. Кошовите првично биле заковувани на меѓукатна тераса на игралиштето, но ова се покажало непрактично кога публиката од терасата почнала да се меша со шутевите. Таблата била воведена за да се спречи ова мешање. Тоа дало дополнителен ефект кој дозволувал удар од скок.Thinkquest, Basketball . Accessed 2009.01.20 Рачно напишаните дневници на Нејсмит, откриени од неговата внука во почетокот на 2006 година, покажуваат дека тој бил нервозен за новата игра што ја измислил, која вклучува правила од детската игра наречена „Патка на камен“, како што многу правила не успеале пред тоа. Нејсмит новата игра ја нарекол „Basket Ball“.
Првиот официјален натпревар се одиграл во гимнзија на YMCA на 20 јануари 1892 година со девет играчи. Натпреврот завршил со 1-0, а ударот бил направен на далечина од 7.6 метри (25 стапки) на игралиште со половина должина од сегашното игралиште на уличната кошарка и од тие на НБА. Од 1897 – 1898 станале стандардни екипите од по пет играчи.
Женска кошарка
Женската кошарка започнала во 1892 година во колеџот Смит, кога Сенда Беренсон, професор по физичка култура, ги модифицирала правилата на Нејсмит за жени. Кратко време по вработувањето во колеџот Смит, таа отишла кај Нејсмит да научи повеќе за играта. Фасцинирана од новиот спорт и корисноста која може да ја предава, таа го организирала првиот женски колегијален кошаркарски натпревар на 9 март 1893, кога бруцошките и студентките од втора година од нејзиниот универзитет Смит играле едни против други. Нејзините правила првин биле објавени во 1899, а две години подоцна Беренсон станала издавач на pрвиот водич за женска кошарка на А.Г. Спалдинг, којшто понатаму пак ја рашириl нејзината верзија за женска кошарка.
Брзо зголемување на популарноста
Првите приврзаници на кошарката биле испраќани од YMCA и спортот брзо се проширил низ САД и Канада. До 1895 година, биле основани неколку женски средни школи. Додека YMCA била одговорна за почетниот развој и ширење на играта, во рок од една декада се спречил нов спорт како груба игра, бидејќи почнал да се оддалечува од првичната мисија на YMCA. Сепак, другите аматерски спортски клубови, колеџи и професионални клубови брзо ја пополниле празнината. Пред Првата светска војна, Аматерската атлетска унија и Интеруниверзитетската атлетска асоцијација на САД (претходник на Националната универзитетска атлетска асоцијација) се натпреварувале за правилата во играта. Првата професионална лига е основана во 1898 за да ги заштити играчите од експлоатирање и да воведе помалку груба игра. Оваа лига траела само 5 години.
„Кошаркарска сала на славата“
До 1950 година, кошарката станала главниот универзитетски спорт, па на тој начин го зголемувала интересот за професионалната кошарка. Во 1959 година била основана „Кошаркарската сала на славата“ во Спрингфилд, Масачусетс, местото на првиот натпревар. Нејзните регистри вклучувале големи имиња, тренери, судии и луѓе кои значително придонеле за развојот на играта.
Развој на опремата и техниката Кошарката првобитно се играла со фудбалска топка. Првите топки направени посебно за кошарка биле кафеави, но дури во доцните педесетти Тони Хинкл, барајќи топка која ќе биде попрегледна за играчите и публиката, ја вовел портокаловата топка која денеска е во општа употреба. Дриблингот не бил дел од првичната игра, освен за додавање од скок до соиграчите. Додавањето на топката било првично значајна работа за движењето на топката. На крајот дриблингот бил воведен, но ограничен од асиметричната форма на првите топки. Дриблингот станал значаен дел од играта дури околу педесеттите години, штом рачно била подобрена формата на топката.
Историски претходници на кошарката
Кошарката, нетболот, народната топка, одбојката и лакросот се единствените игри со топка коишто се откриени од Северноамериканците. Другите игри со топка, како што се бејзболот и канадскиот фудбал имаат потекло од Европа, Азија или Африка. И покрај тоа, не постои директен доказ дека идејата за кошарка доаѓа од античката Мезоамериканска игра со топка, знаењата за таа игра со топка биле достапни најмалку педесет години пред откривањето на Нејсмит, во ракописите на Џон Лојд Стивенс и Александар фон Хумболт. Посебно делата на Стивенс во кои се вклучени илустрации од Фредерик Катервуд, биле достапни во многу образовни институции во 19 век и исто така имале широко движење.
Ран развој на универзитетската кошарка
Д-р. Џејмс Нејсмит дал голем придонес во основањето на универзитетската кошарка. Тој бил тренер шест години во Универзитетот Канзас, пред да му ја препушти функцијата на прочуениот тренер Форест Ален. Ученикот на Нејсмит, Амос Алонсо Стаг ја донел кошарката во Универзитетот во Чикаго, додека Адолф Рап, ученикот на Нејсмит од Универзитетот од Канзас, постигнал голем успех како тренер на Универзитетот во Кентаки.
На 9 февруари 1895 година, првиот интеруниверзитетски 5 на 5 натпревар се одиграл на Универзитетот Хемлин меѓу Хемли и Земјоделското училиште, којшто бил прибод кон Универзитетот од Минесота. Земјоделското училиште на натпреварот победило со 9-3.
Во 1901 година, образовните институции како Универзитетот од Чикаго, Универзитетот Колумбија, Колеџот Дармут, Универзитетот од Минесота, Воената морнарица на САД, Универзитетот од Јута и [Универзитетот Јеил започнале со спонзорирање на машките натпревари. До 1910 година, честите повреди на терените го натерале претседателот Теодор Рузвелт да предложи дека универзитетската кошарка треба да формира управно тело и како резултат на тоа се создала Интеруниверзитетската атлетска асоцијација на САД. Во 1910, ова тело ќе си го промени името во Национална универзитетска атлетска асоцијација.
Ран развој на женската кошарка мини|200п|Официјална топка на ФИБА.|лево
Во 1892 година,Универзитетот од Калифорнија и училиштето Мис Хед го одиграле првиот женски интеринституционален натпревар. Бруцошите на Беренсон играле заедно со студентите од втора година во првиот женски интеруниверзитетски кошаркарски натпревар во колеџот Смит на 21 март 1893 година. Истата година, Маунт Холиок и колеџот Софи Њуком (тренер Клара Грегори Баер) започнале да играат кошарка. До 1895 година, играта се проширила низ колеџите низ целата држава, вклучувајќи ги колеџите Велсли, Васар и Брин Моур. Првиот интеруниверзитетски женски натпревар се одиграл на 4 април 1896 година. Жените од Стенфорд играле 9-9 со оние на Беркли, завршувајќи со 2-1 победа за Стенфорд.
Развојот на женската кошарка бил поструктурен отколку оној на мажите во почетокот. Во 1905 година, Американската асоцијација за физичка култура го создава Извршниот комитет за правила во кошарката при Женскиот национален кошаркарски комитет. Овие правила наложуваат девет играчи во секоја екипа и 11 службеници. Меѓународната женска спортска федерација (1924) вклучила женско кошаркарско натпреварување. Во 1925 година се одржани 37 женски средношколски, универзитетски и државни турнири. Во 1926 година, Аматерската атлетска унија го поддржала првиот национален женски кошаркарски турнир, комплетирајќи го со машки правила.
Едмонтон Градс, канадскиот патувачки женска екипа, сместена во Едмонтон, Алберта, дејствувал помеѓу 1915 и 1940. Градс ја обиколиле цела Северна Америка и биле исклучително успешни. Тие поставиле рекорд од 522 победи и само 20 порази за тој временски период, бидејќи тие се среќавале со секоја екипа кој сакал да ги предизвика, финансирајќи ги нивните обиколки со приходи од продажбата на билети. Градс исто така блеснале и на неколку изложбени патувања во Европа и освоиле четири последователни олимписки турнири во 1924, 1928, 1932 и 1936 година. Сепак, женската кошарка не била официјален спорт сè до 1976 година. Играчките на Градс не биле платени и не смееле да се мажат. Стилот на Градс се фокусира на екипната игра, без претерано нагласување на способностите на поединечните играчи.
Првата канадска интеруниверзитетска игра thumb|Првиот терен за кошарка.
Првата канадска интеруниверзитетска кошаркарска игра се одиграла во YMCA во Кингстон, Онтарио на 6 февруари 1904 година, кога Универзитетот МекГил го посетил Универзитетот Квин. МекГил победил на полувреме со 9-7, а резултатот бил 7-7 на крајот од регуларната игра. На крајот од период од десетминутното полувреме го дал резултатот. Голема публика дошла да го гледа натпреварот.Queen's Journal, vol. 31, no. 7, February 16, 1904; 105 years of Canadian university basketball, by Earl Zukerman, http://www.cisport.ca/e/m_basketball/story_detail.cfm?id=13618
Раните американски професионални и иновациски екипа