Филип Сејмур Хофман (; - ) — американски глумец, добитник на Оскарот за најдобар главен глумец, за улогата во филмот „Капоти“, од 2005 година.
Животопис На 2 февруари 2014 година, Филип Сејмур Хофман бил пронајден мртов во својот дом во Њујорк, поради предозираност со хероин. Претходно, во текот на долги години, тој се лечел од зависноста од дрогата, но третманите на рехабилитација не дале резултати и тој повторно им се враќал на старите навики.Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2 јануари 2015, стр. 13.
Филмска кариера Врвот на кариерата на Хофман се случил во 2005 година, кога за својата улога во филмот „Капоти“ ја добил наградата „Оскар“ во категоријата „главна машка улога“. За „Оскарот“, тој бил номиниран уште трипати, за улогите во филмовите „Учителот“, „Сомнеж“ и „Војната на Чарли Вилсон“. Инаку, тој редовно соработувал со режисерот Пол Томас Андерсон и играл во повеќе негови филмови, како: „Ноќи исполнети со буги“, „Магнолија“ и „Опиени од њубов“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус