Чо Оју (Nepali: चोयु; : ) — шеста највисока планина во светот со 8,201 метар надморска височина. Името Чо Оју означува „Тиркизно Божество“ на тибетски јазик. Планината се наоѓа помеѓу Тибет (Кина) и Непал. Се наоѓа на 20 километри западно од Монт Еверест.
Неколку километри западно од самата планина, се наоѓа Нангпа Ла (5.716 м), леден планински премин кој се користи како главен трговски пат помеѓу Тибеќаните и Шерпите од Кумбуа. Поради близината на преминот и генерално благите падини на стандардниот пат на северозападниот дел, се смета дека е најлесната планина за алпинистички искачувања во групата на планини повисоки од 8,000 метри,Cho Oyu on Peakware па затоа е популарно одредиште за професионалните алпинистички групи.
Македонско искачување Прв Македонец којшто се искачил на Чо Оју е Сашко Кедев, на 2 октомври 2023 година.
Наводи
Надворешни врски Статистики за качувањата на планината и бројот на жртви Фото-приказна за Чо Оју направена од Лукаш Стебелски
Категорија:Осумилјадници Категорија:Планини во Непал Категорија:Планини во Тибет Категорија:Меѓународни планини во Азија