Градиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Скочивир. Претставува населба од железно време. Се наоѓа на 9 км источно од селото и на 3 км од шумската куќа Јелак, високо во планинскиот масив на Кајмакчалан (кота 1.370), опколен од трите страни со реката Коњарка и нејзините притоки, каде се издига врв со зарамнето плато на чија површина се среќаваат фрагменти од керамички садови. Според местоположбата и материјалот, сигурно е дека се работи за утврдена населба од железното време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Петалинско Кале — населба од железно време; Марково Кале — населба од железно време; Скочивир; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Скочивир