Пешта или Градиште — археолошко наоѓалиште и тврдина во близина на селото Старавина.
Денес, тврдината е разрушена, што во голема мера се должи на бомбардирањето во текот на Првата светска војна.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 32-33.
Опис
мини|300п|лево|Поглед на ридот кај што била некогашната тврдина
Претставува населба и некропола од римско и доцноантичко време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Историја Според некои докази, Пешта потекнува од периодот на владеењето на античкомакедонските владетели, поточно од IV век п.н.е. На местото постоел и град кој е поврзан со преданието дека тоа е родното место на кралот Филип II, имајќи го предвид историскиот податок дека тој слегол од планините и потоа ја изградил престолнината Пела, а најблискиот планински масив северозападно од Пела оној во мариовскиот крај. Во отоманскиот период, тврдината Пешта е местото каде што се засолниле жителите на мариовските села по враќањето на Калеш Анѓа и во неа останале под опсада десет години. По Мариовско-прилепската буна од 1564-1565 година, тврдината ја изгубила својата оригинална намена.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Битолско Список на тврдини во Македонија Куќа на Калеш Анѓа Старавина
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Старавина Категорија:Тврдини во Македонија