https://twitter.com/M10OSE

Грег Кеит Монро Џуниор (роден во Харви, 4 јуни 1990) е американски професионален кошаркар кој игра на позицијата центар за Бајерн Минхен.

Животопис Грег е син на Грегори Сениор и Норма Џин Монро, а има и сестра Британи. Неговиот чичко Норман Диксон играл фудбал на Брингам Јанг Универзитетот.

Кариера Колеџ Монро играл како моќен крилен центар во Џорџтаун Хојас универзитетот пред да биде прогласен како прифатлив за НБА. На 24 јуни 2010 година тој бил избран од страна на Детроит Пистонс како вкупно 7-ми пик на драфтот 2010.

НБА Детроит Пистонс Официјално Монро потпишал со Пистонс на 6 јули 2010. За својата руки сезона го добил дресот со бројот 10., и тој ќе биде последниот играч на Пистонс кој ќе го носи овој број, бидејќи во меѓувреме била донесена одлука истиот да биде пензиониран во чест на славниот Денис Родман.Детроит Пистонс го повлекува дресот со #10 на Денис Родман

Монро го направил своето деби во регуларниот дел од сезоната во НБА на 30 октомври, 2010 против Чикаго Булс. Тој влегол од клупата за резерви и запишал 2 бода и 3 скока за 7 минути поминти на паркетот. По редовното влегување од клупата во првиот месец од сезоната, Монро го направил својот прв старт во првата петорка на Пистонс на 10 декември 2010 година во натпревар против Минесота Тимберволвс. Во овој натпревар, тој имал учинок од осум бода, петнаесет скока и една блокада во 35 минута акција. Во својата дебитантска сезона во НБА тој се борел за место во тимот на центарските позиции со многу поискусните играчи од него како: Бен Валас, Чарли Вилануева и Џејсон Максил. И покрај бавниот старт, производството на Монро се зголемило во 2011 година кога тој станал солиден стрелец и скокач. На 23 февруари 2011 година против Индијана Пејсерс, Монро ја имал најдобра партија за руки сезоната со 27 бода и 12 скока со шут од игра 11-17.

На 4 мај, 2011 година, Грег Монро бил ставен на 6-тото место во гласањето за НБА дебитант на годината, завршувајќи тесно зад Гери Нил од Сан Антонио.05/04/rookie-of-the-year/index.html Блејк Грифин име 2010-11 Т-Мобиле дебитант на годината

Веќе следната сезона, Монро станува еден од најважните играчи на Детроит Пистонс и со 15.4 бода во просек по натпревар бил најдобар стрелец на својот тим. Тој исто така имал и 9.7 скокови и 2.3 асистенции, но неговиот тим разочарал не успевајќи да се избори за плеј-оф со скор 25-41. На 8 февруари 2012, тој бил избран да учествува на НБА натпреварот на млади ѕвезди. Тој и неговиот соиграч од Пистонс Брендон Најт двајцата играле за тимот Шек иако биле драфтувани во различни години.

За сезоната 2012-2013 во Детроит пристигнува младиот центар Андре Драмонд кој требало да биде конкуренција на Монро на центарската позиција, но во текот на оваа сезона тој имал предност. Монро пропуштил само еден натпревар во регуларниот дел од сезоната и бил стартер во сите останати 81 натпревар. На 19 декември 2012 тој постигнал рекордни за него во НБА, 35 бода против Торонто Репторс во исто толку минути поминати на паркетот, а имал и 10 скокови што претставува само уште еден дабл-дабл, нешто што е карактеристично за него.Пистонс - Репторс 91-97 Сепак и покрај највиокиот број на бодови во кариерата на Монро, Пистонс го загубиле натпреварот со 91-97. Овој натпревар некако ја отсликувал целата сезона на Пистонс, претежно Монро играл добро, но тимот губел. Со просек од 16 бода и 9.6 скокови по натпревар бил еден од најдобрите играчи на Пистонс, но тие одново неуспеале да се изборат за разигрувањето за титулата, завршувајќи на 11. место во вкупниот поредок на источната конференција.

За сезоната 2013-2014 клубот го разрешил тренерот Лоренс Франк и на негово место го назначил Морис Чикс, кој во стратната петорка го вклучил и Драмонд (како центар) со што Монро ги започнувал натпреварите на позицијата крилен центар. Тие двајца оформиле одлично партнерство под кошевите и претставувале најмоќното оружје на Пистонс оваа сезона заедно со новото засилување плејмејкерот Брендон Џенингс кој ги хранел со фантастични асистенции. Низ текот на целата сезона Монро и Драмонд претставувале еден од центарските тандеми со најголем број на скокови. На отворањето на сезоната, Монро постигнал 24 бода, 16 скокови и 3 асистенции во победата над Вашингтон Визардс со 113-102.Визардс - Пистонс 102-113 Тој уфрлил двоцифрен број бодови во секој од првите седум натпревари од сезоната.Пистонс - Гризлис 108-111Селтикс - Пистонс 77-87Пејсерс - Пистонс 99-91Тандер - Пистонс 119-110Пистонс - Трејл Блејзерс 103-109Пистонс - Вориорс 95-113 Неговиот максимален број на бодови во оваа кампања 28, го остварил против Њу Орлеанс Пеликанс на 11 декември 2013.Пистонс - Пеликанс 106-111 За време на оваа сезона, Монро ја забележал својата трета последователна сезона со 1.000+ бодови и 600+ скокови, придружувајќи му се на Грант Хил како единствени играчи на Пистонс што успеале да го сторат тоа од сезоната 1994–1995 наваму.

На 30 јуни 2014 година, Пистонс му понудиле едногодишна квалификациска понуда на Монро. На 8 септември 2014 година, било објавено дека Монро ја потпишал квалификациската понуда на Пистонс, која би требало да го направи неограничен слободен агент во 2015 година. Следниот ден, НБА го суспендирала Монро без парична казна за првите два натпревари од сезоната 2014-2015 поради возење со оштетен вид во февруари 2014 година. На 3 декември 2014 година, тој постигнал највисоки за сезоната 29 бода во поразот по продолженија со 102-109 од Бостон Селтикс.Celtics recover in OT, beat Pistons 109-102 На 8 април 2015 година, тој се вратил во акција откако пропуштил 11 натпревари поради повреда на коленото за да запише 19 бода и 10 скока во уште еден пораз од Селтикс.Celtics eliminate Pistons from race, 113-103

Милвоки Бакс

На 9 јули 2015 година, Монро потпишал тригодишен договор вреден 50 милиони американски долари со Милвоки Бакс. Своето деби за „Бакс“ го направил во орвиот натпревар за сезоната на 28 октомври 2015 година, запишувајќи 22 бода и 14 скокови во поразот од 122-97 од Њујорк Никс. Помеѓу 9 февруари и 7 март 2016 година, Монро започнал 12 натпревари од клупата бидејќи тренерот Џејсон Кид ротирал со цел да ја најде идеалната постава. Во својот прв натпревар влегувајќи од клупата, тој забележал највисоки за сезоната 29 бода и 12 скокови во победата со 112-111 над Бостон Селтикс. Монро се вратил во почетниот состав на 9 март за натпреварот на Бакс против Мајами Хит. Во својата прва сезона со Бакс тој одиграл 79 натпревари (67 започнал како стартер) во регуларниот дел од сезоната со просек од 29.3 минути по натпревар во кој имал во просек 15.3 бода, 8.8 скокови и 2.3 асистенции по натпревар.

Во сезоната 2016-2017 на Монро му била доделена постојана улога на резервен центар во Милвоки од страна на тренерот Кид. Тој одиграл 81 натпревар во регуларниот дел од сезоната, повеќе од било кој друг играч на Бакс, и сите започнувајќи ги на клупата за резерви. На 25 јануари 2017 година, тој ги предводел Бакс со највисоки за сезоната 28 бода во поразот со 114-109 од Филаделфија Севентисиксерс. Милвоки Бакс ја завршиле сезоната како 6-ти на истокот и се пласирале во плејофот, каде Монро играл за првпат во својата кариера. Тој играл во сите 6 натпревари во серијата против Торонто Рапторс во која неговата екипа била поразена со 2-4. Монро имал просек во плејофот од 13.2 бода и 7.3 скокови.

Финикс Санс На 7 ноември 2017 година, Монро бил разменет во Феникс Санс заедно со правата на иден заштитен пик во прва рунда и заштитен пик во втората рунда на драфтот 2018 година, во замена за Ерик Бледсо. Своето деби за сонцата го имал на 16 ноември 2017 година, забележувајќи 20 бода и 11 скокови за 26 минути играјќи како стартер во поразот со 142-116 од Хјустон Рокетс. Монро играл и покрај шпекулациите дека би можел да биде разменет или неговиот договор да биде откупен со што би станал слободен играч. Шест дена подоцна, тој имал одлични 22 бода и 15 скока во поразот со 113-107 по продолженија од неговиот поранешен тим, Милвоки Бакс. На 24 јануари 2018 година, тој остварил 16 бода и највисоки за сезоната 17 скокови во поразот со 116-111 од Индијана Пејсерс. На 1 февруари 2018, тој бил отпуштен од Санс. Вкупно за Санс одиграл 20 натпревари од кој во 14 бил стартер со просек од 11.3 бода, 8 скокови и 2.5 асистенции по натпревар.

Бостон Селтикс На 8 февруари 2018 година, Монро потпишал со Бостон Селтикс. На 6 април 2018 година, тој го запишал својот втор трипл-дабл во кариерата со учинок од 19 бода, 11 скокови и 10 асистенции од клупата во победата со 111-104 над Чикаго Булс. Тој станал првиот центар на Селтикс кој забележал трипл-дабл по Роберт Периш кој го сторил тоа на 29 март 1987 година.

Торнонто Рапторс На 10 август 2018 година, Монро потпишал со Торонто Рапторс. Во Торонто тој имал помала минутажа во споредба со било кој друг клуб за кој претходно играл. На 7 февруари 2019 година, Монро бил разменет во Бруклин Нетс заедно со пик од вториот круг на драфтот во 2021 година, во замена за паричен надомест. Тој веднаш потоа бил отпуштен од Бруклин Нетс.

Враќање во Бостон Селтикс и Филаделфија Севентисиксерс На 24 март 2019, Монро потпишал договор на 10 дена со Бостон Селтикс. По истекот на договорот од 10 дена на Монро не му бил понуден нов договор.

Сезоната 2018-2019 Монро ја завршил во Филаделфија Севентисиксерс. Тој одиграл 3 натпревари во регуларниот дел од сезоната и 10 во плејофот, но неуспеал да ги убеди својте работодавци да му понудат нов договор.

Бајерн Минхен На 25 јули 2019 година, Монро потпишал со германскиот Бајерн Минхен. Своето деби во Бундеслигата за Бајерн Монро го направил на 30 септември 2019, уфрлајќи дабл-дабл од 18 бода и 10 скокови во победата со 111-55 на домашен терен над Хамбург Тауерс.Monroe notches a double-double in Bayern’s win www.eurohoops.net Три дена подоцна дебитирал во Евролигата, забележувајќи учинок од 6 бода, 10 скока и 4 асистенции во победата со 78-64 над Олимпија Милано.

Статистика Статистиката е ажурирана на 11 ноември 2019 Најмногу бодови на еден натпревар: 35 против Торонто Рапторс (19 декември 2012) Најмногу скокови: 21 против Денвер Нагетс (6 февруари 2015) Најмногу асистенции: 11 против Сакраменто Кингс (7 ноември 2012) Најмногу блокади: 4 на два натпревари досега

Регуларен дел од сезоната

| align="left" | 2010-2011 | align="left" | Детроит Пистонс | 80 || 48 || 27.8 || .551 || .000 || .622 || 7.5 || 1.3 || 1.2 || .6 || 9.4 |- | align="left" | 2011-2012 | align="left" | Детроит Пистонс | 66 || 66 || 31.5 || .521 || .000 || .739 || 9.7 || 2.3 || 1.3 || .7 || 15.4 |- | align="left" | 2012-2013 | align="left" | Детроит Пистонс | 81 || 81 || 33.2 || .486 || .000 || .689 || 9.6 || 3.5 || 1.3 || .7 || 16.0 |- | align="left" | 2014-2015 | align="left" | Детроит Пистонс | 69 || 57 || 31.0 || .496 || .000 || .750 || 10.2 || 2.1 || 1.1 || .5 || 15.9 |- | align="left" | 2015-2016 | align="left" | Милвоки Бакс | 79 || 67 || 29.3 || .522 || .000 || .740 || 8.8 || 2.3 || .9 || .8 || 15.3 |- | align="left" | 2016-2017 | align="left" | Милвоки Бакс | 81 || 0 || 22.5 || .534 || .000 || .741 || 6.6 || 2.3 || 1.1 || .5 || 11.7 |- | align="left" | 2017-2018 | align="left" | Милвоки Бакс | 5 || 0 || 15.8 || .485 || - || .500 || 5.0 || 1.0 || 0 || 0 || 6.8 |- | align="left" | 2017-2018 | align="left" | Финикс Санс | 20 || 14 || 23.3 || .626 || - || .674 || 8.0 || 2.5 || .8 || .3 || 11.3 |- | align="left" | 2017-2018 | align="left" | Бостон Селтикс | 26 || 0 || 19.1 || .530 || - || .797 || 6.3 || 2.3 || 1.1 || .7 || 10.2 |- | align="left" | 2018-2019 | align="left" | Торонто Рапторс | 38 || 2 || 11.1 || .460 || .000 || .574 || 4.1 || .4 || .3 || .2 || 4.8 |- | align="left" | 2018-2019 | align="left" | Бостон Селтикс | 2 || 0 || 2.5 || .600 || - || - || 1.5 || .5 || .0 || .0 || 3.0 |- | align="left" | 2018-2019 | align="left" | Филаделфија Севентисиксерс | 3 || 0 || 17.3 || .653 || 1.000 || .909 || 4.3 || 2.3 || .3 || .0 || 13.7 |- class="sortbottom" | align="center" colspan="2"| Кариера