Реми Кабелја ( р. 8 март 1990 во Ајачо) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Олимпик Марсеј, на заем од Њуксал Јунајтед.

Технички одлики Тој е офанзивен играч од средниот ред, опишан како некој кој има извонредна контрола на топката и квалитетен дриблинг, како и потребната брзина.

Животопис Реми е роден во Ајачо, Корзика од мајка корзиканка и татко италијанец. Тој е третото во семејство со четири деца, и израснал во областа на От де Бодисион во Ајачо. Фудбалот почнува да го интересира уште на возраст од три години и во 1993 започнува да игра во ФК Ајачо, а потоа и во Газелек Ајачо. Извесно време тренирал и во екипата на АФА, а потоа се врати во Газелек каде останал до својата 14 година.Fiche de Rémy Cabella , sur fff.fr, consulté le 17 јануари 2012

Клупска кариера Монпелје Следен од неколку клубови, тој ја напуштил Корзика во 2004 година и му се приклучил на Монпелје. Кабелја ги поминал сите младински категории играјќи за тимовите под 14, 15, 16 и 18 години. На 9 мај 2009, тој ги импресионирал присутните на Стад де Франс во финалето на Гамбардела купот кога со соиграчите Бенжамин Стамбули и Јунес Белханда го совладале Нант. Кабелја го постигнал вториот гол за својот тим во победата со 2-0.Les jeunes Pailladins remportent la Coupe Gambardella ! , sur mhscfoot.com, објавено на 9 мај 2009.

Во јули 2009 година, Кабелја го потпишал првиот професионален договор со клубот во вредност од три години.Saihi et Yanga-Mbiwa prolongent, Cabella passe Pro , sur mhscfoot.com, објавено на 2 јули 2009. Сепак сериозната повреда која ја заработил на тренинг во септември го принудила да се подложи на операција на предниот вкрстен лигамент во десното колено, пропуштајќи го почетокот на својата професионална кариера и бил надвор од акција за неколку месеци.Montpellier : Cabella blessé à un genou , sur footrends.com, објавено на 17 јануари 2011 Така, својот прв повик за настап во првиот тим во Лига 1, го имал на 10 април 2010 за време на натпреварот против Ле Ман, во кој останал на клупата како неискористена замена.Le Mans - MHSC : Sans Dernis, avec Cabella , sur webmhsc.com, објавено на 10 април 2010 година После тоа тој се нашол на клупата уште во два други натпревари но без можност да го направи своеот деби. По завршувањето на сезоната го продолжил својот договор со Монпелје до 2014 година.Les échéances des contrats , sur webmhsc.com, објавено на 22 мај 2010.

Во јули 2010, Кабелја бил позајмен на една година на Арл-Авињон, кој само што изборил промоција во Лига 1.Реми Кабелја позајмен на Арл-Авињон, Goal.com, објавено на 12 јули 2010 година. Сепак, како и претходната година, тој се повредил рано во сезоната овој пат ги скинал кинење квадрицепсите.Реми Кабелја ќе го пропушти стартот на сезоната , laprovence.com, објавено на 22 јули 2010. Конечно, дебито во Лига 1, Кабелја го имал на 4 декември 2010 година, во натпреварот против Нанси на домашен терен.Arles-Avignon 1-1 Nancy le 4 décembre 2010 , sur lfp.fr Својот прв старт го имал на 22 декември 2010 против Ница,Arles-Avignon 0-0 Nice le 22 décembre 2010 , sur lfp.fr а првиот гол го постигнал на 12 март 2011 против Лорјан. Arles-Avignon 3-3 Lorient le 12 mars 2011 , sur lfp.fr По осумнаесет одиграни натпрвари во кој постигнал три гола, тој се вратил во Монпелје.

thumb|left|upright|220px|Кабелја во дресот на Монпелје во 2012. Кабелја го направил своето деби за Монпелје во победата со 3-1 над Осер на Стад де ла Мосон игран на 6 август 2011.Montpellier 3-1 Auxerre le 6 août 2011 , sur lfp.fr На 21 септември 2011, го постигнал првиот гол за клубот и тоа во својот роден град, против ФК Ајачо (1-3).Ajaccio 1-3 Montpellier le 21 septembre 2011 , sur lfp.fr На 8 јануари 2012, Кабелја за првпат постигнал два гола на еден натпревар против екипата на При-ле-Мезјер од Шарлевил Мезјер во Купот на Франција. На 24 јануари 2012 година, уште еднаш го продолжил неговиот договор со својот прв клуб за уште две сезони до 2016 година.Rémy Cabella prolonge jusqu'en 2016 , sur mhscfoot.com, објавено на 24 јануари 2012 и е избран за млад фубалер на годината во Лига 1 за сезоната 2011-2012.Rémy Cabella nommé pour le Trophée UNFP du meilleur espoir de Ligue 1 , објавено на 28 април 2012 година. На 20 мај 2012, станал шампион на Франција откако во драматичен крај на првенството Монпелје ја освојува титулата со три бода повеќе пред Париз Сен Жермен. Кабелја придонел со три гола и две асистенции во 29 настапи.

Новата сезона ја започнува со настап во Суперкупот на Франција во кои Монпелје се соочува со Олимпик Лион, 28 јули 2012 на Ред Бул Арената во Харисон во близина на Њујорк. Во регуларниот дел натпреварот завршил без победник 2-2, по што се шутирале пенали во кој Лион победил со 4-2. Кабелја го започнал натпреварот и играл до 64-тата минута кога бил заменет со Сулејман Камара. Тој го постигнал својот прв гол во сезоната 2012-2013 во Лига 1, на гостувањето кај Сошо, на 1 септември 2012 година. Кабелја го има своето деби во Лигата на шампионите на 18 септември 2012 во двобојот против Арсенал.

За време на сезоната 2013-14, Кабелја постигнал 14 голови во 34 натпревари и беше најзаслужен што Монпелје избори опстанок во Лига 1.

Њукасл Јунајтед На 13 јули 2014 година, Кабелја потпишал шестгодишен договор со Њукасл Јунајтед. Тој го направил своето деби во официјален натпревар за новиот клуб на 17 август, кога Њукасл ја започнал сезоната со пораз од 2-0 на домашен терен од Манчестер Сити, играјќи ги комплетните 90 минути.

Титули Монпелје Лига 1 : 2011-12.

Надворешни врски Реми Кабелја на soccerway Реми Кабелја на transfermarkt

Наводи

Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монпелје Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Луѓе од Ајачо Категорија:Живи луѓе