Св. Димитрија — археолошко наоѓалиште во битолското село Долна Чарлија. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во олтарот на црквата „Св. Димитриј“, чијашто чесна трпеза е направена од мермерна ара врз која е поставена мермерна плоча. Внатре, во југоисточното ќоше на црквата е вграден фрагмент од мермер, на јужниот влез има мермерен блок поставен како праг, а во југозападното ќоше од надворешната страна се вградени уште два мермерни блока. Потеклото на овие сполии не е познато.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба — населба од бронзено време; Чарлиски Тумби — населба од неолитско време; Во Селото — осамен наод од римско време; Долна Чарлија; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Долна Чарлија