Рековчанска Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 200 м јужно од Тумба I (Сред Село) и на околу 100 м југозападно од Роњевска Тумба. Има неправилна кружна основа со пречник од 80 × 70 м и височина од 1,5 м. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и куглички за праќа од печена земја.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Роњевска Тумба — населба од неолитско време; Селска Црква — населба од неолитско време; Тумба во Ливаѓето — населба од неолитско време; Тумба Трнска — населба од неолитско време; Сред Село — населба од неолитско време; Школска Тумба — населба од неолитско време; Шемоска Тумба — населба од неолитско и бронзено време; Могила; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Могила