Школска Тумба или Тумба II — археолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во селото, на растојание од околу 120 м од наоѓалиштето Тумба I (Сред Село). Има пречник во основата од 180 м и височина од 2 м. На неа се подигнати неколку селски куќи, а и осумгодишното училиште, со што се направени големи оштетувања, особено на горните слоеви кои се наполно уништени. Во 1977 година е извршено сондажно ископување во дворот на месен жител, при што е пронајден културен слој дебел 6,90 м, исполнет со множество керамички садови и друг археолошки материјал од времето на постариот неолит (велушко-породинска група). Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Рековчанска Тумба — населба од неолитско време; Тумба Трнска — населба од неолитско време; Роњевска Тумба — населба од неолитско време; Тумба во Ливаѓето — населба од неолитско време; Селска Црква — населба од неолитско време; Сред Село — населба од неолитско време; Шемоска Тумба — населба од неолитско и бронзено време; Могила; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Могила