Бела Црква — археолошко наоѓалиште во битолското село Ношпал. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа на северната периферија на селото, кога во 1984 година врз стари темели е изградена црква („Св. Петка“). Притоа се најдени делови од мермерни столбови и други мермерни парчиња. Според кажувањето на жител од ова село, при обработувањето на земјата, северозападно од црквата, открил два гроба градени од камени плочи - тип циста, во кои имало стаклени сатчиња. Од ова наоѓалиште потекнува дел од сива плоча со старогрчки натпис ставен пред влезот во куќата на семејството Бошевски.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Тумба — населба од неолитско и римско време; Гајтаница — населба од неолитско и доцноантичко време; Св. Никола — осамен наод од римско време; Горни Ливади — населба од доцноантичко време; Ношпал; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Ношпал