Eнергијата се појавува во акумулирани или преодни облици. Во зависност од тоа дали се појавуваат во природата се делат на примарни и секундарна извори на енергија.

Со обѕир на нивото на користење, примарните извори на енергија можат да бидат: конвенционални извори на енергија и неконвенционални извори на енергија.

Со обѕир на природната обновливост на изворите на енергија можат да бидат Обновливи извори на енергија или необновливи извори на енергија

Фосилни горива Јагленот, нафтата и земниот или природен гас ги нарекуваме фосилни горива, затоа што настанале од остатоци на одамна умрени растенија и изумрени животни. Тие при горење ослободуваат топлина, која се употребува за добивање други облици енергија. Фосилните горива се необновлив извор на енергија, така што, поради трошењето, ги има се' помалку.

Јаглен Од јагленот светот добива околу 20% енергија, а тој удел постојано се зголемува.

Нафта и земен гас Од нафтата и земниот гас светот добива 60% од енергијата. Нафтата е главно гориво во сообрајќајот, а гасот е поголем извор на топлина во домаќинството и индустријата.

Резерви на нафта Во 1960 година е проценето дека резервите на нафта ќе потраат четириесетина години. До 1990 година се пронајдени нови резерви, но пораснала и потрошувачката. Затоа и таа година резервите на нафта се проценети на четириесетина години.

Произведувачи на нафта Земја Милиони тони годишно Земји на СССР 570 САД 417,6 Саудиска Арабија 327,1 Иран 155,3Мексико 145,3 Кина 139 Венецуела 140

Обновливи извори на енергија Обновливите извори на енергија постојано се обновуваат, така што не можат да бидат исцрпени, ако со нив разумно се располага. Освен тоа, тие главно се почисти и за околината се помалку штетни од фосилните горива.

Енергија на ветрот - мини|десно|Ветерница Турбините на ветрот произведуваат струја на „фармите на ветер”, како што е онаа во Атмонт Пас во Калифорнија. Во 80-те години ширум светот биле поставени повеќе од 20.000 такви турбини. Научниците проценуваат дека по 2030 година моќта на ветрот ќе произведува повеќе од 10% од светската енергија.

Сончева енергија- Сончева плантажа|мини Сонцето е чист извор на обновлива енергија. Сончевата енергија се претвора во струја со помош на фотонапонски (сончеви, сончеви) колектори-ќелии, кои потоа напојуваат различни апарати: калкулатори, вештачки сателити и телефонски релеи во зафрлени краеви. Во многу земји, кои се богати со сонце, сончевата топлина служи за загревање на водата.Оваа енергија ја добиваме со помош на Електроцентрали.

Енергија на плимата Морските мени произведуваат струја во естуарии, кои се заградуваат со брани. За време на плимата браните (бентови) се отвораат, а за време на осеките се затвораат, така што водата тогаш се испушта низ турбините, кога ќе се создаде разлика во нивото од околу 3 метри.

Хидроенергија мини|Брана Моќта на водата се користи каде и да постои голема разлика во нивото, дали е прородна или создадена со брани. Водата која тече ги врти турбините, а тие ги вртат електричните генератори. Хидроенергијата денес произведува околу 7% струја.

Геотермална енергија Геотермалната енергија всушност е топлина на Земјината кора. Денес во поголем број случаи се искористува во вулкански активните предели, на пример на Исланд и Нов Зеланд. Околу 20 земји ја искористуваат геотермалната енергија за загревање или производство на струја.

Енергија на брановите мини|Бранови Искористувањето на енергијата на брановите сè уште се истражува и се развива. Изградени се и неколку експериментални генератори. Некои се сместени крај брегот. Други се проектирани за отворено море на брановата предница може да дава енергија за 500 електрични светилки.

Енергија на биомасата Станува збор за искористување на енергијата на органските материи, на пример дрвјата и земјоделските отпадоци. Електричните централи на биомаса се изградени во многу земји. Тие помалку го загадуваат воздухот и по правило не придонесуваат за глобалното затоплување.

Јадрена енергија Јадрената енергија се добива со разградување на атоми на ураниум и плутониум. На светот има околу 350 јадрени електрични централи и тие произведуваат повеќе од 5% од светската струја. Атомските централи не испуштаат гасовити загадувачи и не придонесуваат за глобалното загревање, но постои опасност од несреќи, како и проблем во однос на отклонувањето на радиоактивниот отпад.

Опасности од јадрената енергија Јадрениот отпад останува опасно радиоактивен уште илјадници години, потеребно е да се закопа или да се стави на дното на морето. Несреќите во атомските централи, како што беше таа во Чернобил во Украина во 1986 година, можат да изложат на зрачење стотици илјади луѓе и да загадат милиони квадратни километри од земјиштето.

Потрошувачи на јадрена енергија Земја Учество на јадрена енергија во вкупната потрошувачка на енергија (%) Литванија 85,59 Франција 76,14 Белгија 55,52 Шведска 46,61 Бугарија 46,43 Словачка 44,14Унгарија 42,30 Швајцарија 39,92 Словенија 39,46 Украина 37,83

Поврзано Енергетика Обновливи извори на енергија

Надворешни врски Обновливи извори на енергија во Македонија

*