Клепач — археолошко наоѓалиште во битолското село Црничани. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, каде по површината на нивите се гледаат грамади од градежен материјал, остатоци од куќи и црква. Кај жителите постои верување дека тука била старата местоположба на селото Клепач. Во наоѓалиштето биле најдени монети. На истата местоположба постојат повеќе тумби со кружен облик, со пречник од 5 до 6 м и зачувана височина од 1 до 1,5 м, кои се изградени од белутрак — кварц.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Крсто — осамен наод од римско време; Рупка — населба и некропола од римско време; Св. Петка — базилика од старохристијанско време; Тврди Град — населба од доцноантичко време; Црничани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Црничани (Битолско)