Зимски салон — традиционална ликовна манифестација, која се одржува во Скопје, во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Салонот започнал да се одржува во 1991 година, а за најдоброто дело се доделува награда "Гран при", која од 2003 година се доделува со поддршка на Министерството за култура. Почнувајќи од 2006 година, Зимскиот салон се одржува на одредена зададена тема.

12. Зимски салон 12. Зимски салон се одржал во Националната галерија на Македонија под наслов "Шенген", во Националната галерија на Македонија, во рамките на Мултимедијалниот центар "Мала станица" во Скопје. На свеченото отворање присуствувале министерката Елизабета Канческа Милевска, амбасадорот на ЕУ - Ерван Фуере итн. Претходно, на 20 февруари 2008 година, на Меѓуградската автобуска станица во Скопје биле одржани перформанс и прес-конференција. Селектор на изложбата бил Филип Зидаров, а главната награда "Гран при" ја добила Мирослава Микица Трујкановиќ.

13. Зимски салон 13. Зимски салон бил свечено отворен на 10 февруари 2010 година, во Музејот на современа уметност - Скопје. Темата на изложбата била „Доктор Глобал – Мистер Локал“, а селектор/ куратор бил Томур Атагок од Турција.

14. Зимски салон 14. "Зимски салон", под наслов "Секспресија", бил отворен на 6 март 2012 година, во Музејот на современа уметност во 19 часот. На изложбата учествувале вкупно 35 уметници од Македонија и од странство. Селекцијата била направена од страна на селекторот од Австрија д-р Филип Маурер."Зимски салон по 14. пат", Вечер, број 14933, вторник, 6 март 2012.

15. Зимски салон 15. "Зимски салон бил отворен на 5 февруари 2014 година и се одржал во Националната галерија на Македонија во состав на мултимедијалниот центар "Мала станица". Изложбата била отворена со перформанс, изведен од балерината Олга Панго, а во режија на Наташа Поплавска. Автор на идејното решение за комплетниот визуелен идентитет на 15. "Зимски салон" бил уметникот и член на ДЛУМ – Денис Тенев.Љупчо Јолевски, "Јубилејниот 15 Зимски салон на ДЛУМ – Невозможна мисија", Радио Слободна Европа, сабота, 22 февруари 2014.

Темата на изложбата била "Тело што помни", а селектор на делата бил кураторот Емил Алексиев. На изложбата учествувале 38 македонски и 33 странски автори, а победник и добитник на "Гран при" бил вајарот Жарко Башески, за делото "Венера", изработено во полиестер-силикон. Притоа, наградата се состоела во престој во атељето "Cite Des Arts" во Париз."Венера" на Жарко Башески" најдобра на "Зимскиот салон", Дневник, година XVIII, број 5385, петок, 7 февруари 2014, стр. 21..

16. Зимски салон 16. Зимски саалон бил јубилеен за ДЛУМ, бидејќи се одбележувало 70-годишното постоење на ДЛУМ. Тема на изложбата била „Нивоа на нашата свест“, а добитник на главната награда била Катерина Таневска за делото „Меѓу двете црвени линии“.

17. Зимски салон 17. Зимски салон на ДЛУМ се одржал од средината на февруари до средината на март во објектот Чифте Амам при Националната галерија на Македонија. Наградата Гран при ја довила младата графичарка Шќипе Мехмети на тема „Спектрални места“, со што обезбедила престој во ателјето „Citѐ des Arts“ во Париз, Франција.

Наводи

Категорија:Македонски ликовни манифестации Категорија:Ликовна уметност во Македонија Категорија:Друштво на ликовните уметници на Македонија