Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Барешани. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа во центарот на селото на место каде што се издига мала височинка со правилна кружна основа. Тоа е селска утрина, со незначителни оштетувања на одделни места од кои потекнуваат фрагменти од керамички садови од почетните фази на бронзеното време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Селиште — населба и некропола од хеленистичко, римско време и среден век; Отажна Маала — населба од римско и доцноантичко време; Слатина — населба од римско време; Барешани Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Барешани