Стари Лозја — археолошко наоѓалиште во битолското село Братин Дол. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на околу 500 м северно од селото, на двете страни од патот Битола — Охрид, каде по површината на нивите се гледаат темели од ѕидови од камен и варов малтер, како и фрагменти од керамички садови и питоси. Најден е еден питос, целосно зачуван, кој е сместен во збирката на Музејот во Битола. Еден жител од ова село нашол две синџирчиња на кои имало прикачени пари. Наодите не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Св. Спас — црква и некропола од средниот век; Магарешко Мовче — римски пат; Братин Дол Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Братин Дол