Суви Ливади — археолошко наоѓалиште во битолското село Доленци. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа во Цапарско Поле, на околу 500 м источно од селото, каде при подготвувањето на теренот за овошни насади биле откриени остатоци од темели на старохристијанска базилика. Со заштитните ископувања во 1970-72 година било утврдено дека се работи за трикорабна базилика, со нартекс и по еден анекс на северната и на јужната страна. Во централниот кораб има мозаичен под со геометриски и зооморфни мотиви и старогрчки натпис.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Старо Село — црква и некропола од средниот век; Кале — населба од доцноантичко време; Доленци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Доленци (Битолско) Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Кичево