Ластојца — археолошко наоѓалиште во битолското село Драгош. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на блага падина оддалечена околу 700 м источно од селото, непосредно до патот Битола-Драгош-Лерин и близу до мостот на Драгошка Река. Тука во 1958 година е откриен гроб граден од монолитни камени плочи - тип циста, во кој е најден керамички сад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Драгош; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Драгош