Гистров () — поранешен округ во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Бад Доберан, Северна Западна Померанија, Демин, Мириц, Пархим и Северозападен Мекленбург. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011. Оттогаш, неговата територија е дел од округот Росток.

Историја

Од 1621 до 1695 денешниот округ бил дел од малото војводство Мекленбург-Гистров. Потоа, голем дел од него припаѓале на Мекленбург-Шверин, а мал дел на војводството Мекленбург-Шверин.

Округот Гистров бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Гистров, Тетеров и Бицов. Овој округ бил споен со округот Бад Доберан при административната реформа во септември 2011, создавајќи го новиот округ Росток.

Географија

Округот бил сместен во средишниот дел на Мекленбург-Западна Померанија. Реката Варнов тече низ округот од југозапад на север. Во јужниот дел на округот се наоѓаат неколку езера, дел од Езерската Област Мириц.

Грб

130п|ГрбГрбот прикажува: бик од грбот на Мекленбург два патерици од поранешната Епископија Шверин Боите потекнуваат од грбот на распуштениот округ Бицов.

Градови и општини

Слободни градови Гистров Тетеров Општински заедници1. Бицов Ланд Баумгартен Бернит Бицов1, 2 Дрец Јиргенсхаген Клајн Белиц Пенцин Рин Штајнхаген Тарнов Варнов Цепелин 2. Гнојен Алткален Берен-Либхин Бодин Финкентал Гнојен1, 2 Либург Валкендорф Васдов2. Гистров-Ланд[седиште: Гистров] Глазевиц Грос Швизов Гилцов-Прицен Гутов Клајн Упал Кус Ломен Лисов Мисторф Мил Розин Плац Рајмерсхаген Зармсторф Цена 4. Краков ам Зе Добин-Линстов Хопенраде Краков ам Зе1, 2 Кухелмис Лалендорф Лангхаген5. Лаге Дикхоф Долген ам Зе Хоен Шпренц Лаге1, 2 Вардов 6. Мекленбуршка Швајцарија[седиште: Тетеров] Алт Зирков Дамен Далкендорф Грос Роге Грос Вокерн Грос Вистенфелде Хоен Демцин Јерденсторф Лелкендорф Пребереде Шорсов Швасдорф Зуков-Левицов Тирков Варнкенхаген1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Поранешни окрузи во Мекленбург-Западна Померанија