Торквато Тасо (11 март 1544 - 25 април 1595) — италијански поет.

Животопис Тасо имал несреќна судбина: тој бил вљубен во Елеонора д'Есте, сестрата на војводата од Ферара, Алфонсо II, а подоцна полудел и бил затворен во болницата „Санта Ана“ во Ферара. Во расправата „Силата на човечката фантазија“, Муратори тврди дека за време на нападите на лудилото Тасо си вообразувал дека го посетува неговиот домашен дух, така што разговарал со него.„Beleške“, во: Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, str. 123.

Творештво Тасо е најпознат по својот еп „Ослободениот Ерусалим“ и пасторалата „Аминта“ (1580).

Значење и влијание Италијанскиот поет Џакомо Леопарди напишал краток есеј со наслов „Дијалог меѓу Торквато Тасо и неговиот домашен дух“ (Dialogo di Torquato Tasso e del suo Genio familliare).Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 61-68. Според Леопарди, поради постојаните несреќи што го следеле во текот на животот, иако бил изворен и инвентивен, Тасо заостанал зад трите големи италијански поети.Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 110. Споредувајќи го со Данте, Леопарди опишува како плачел на гробот на Тасо, а не почувствувал никаква нежност над гробот на Данте. Притоа, тој вели дека во Тасо гледам ечовек кого го совладала бедата, кој е соборен, кој им подлегнал на раните, кој се предал и постојано прекумерно трпи и страда. Иако неговите страдања биле имагинарни, неговата несреќа е вистинска и, иако немал лоша судбина како Данте, тој бил далеку понесреќен.Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 115.

Тасо бил пример за романтичарите, а неговата поезија ги инспирирала Гете и Бајрон

Наводи

Категорија:Родени во 1544 година Категорија:Починати во 1595 година