Магловска Нива — археолошко наоѓалиште во битолското село Кукуречани. Претставува населба од неолитско и римско време . Се наоѓа на 1 км северно од селото. Била во облик на тумба која со интензивното обработување на земјата делумно е нарушена. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж, тегули и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба — населба од неолитско и римско време; Тумба во Селото — населба од неолитско време и некропола од средниот век; Кула — црква од средниот век; Кукуречани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Кукуречани